Македонската амбасадорка во Софија, Агнеза Руси-Поповска, ѝ врачи признание на познатата болница „Пирогов“ која учествуваше во спасување на најтешко повредените деца и млади во пожарот во Кочани во март 2025 година. Амбасадорката го врачи признанието на извршниот директор на Универзитетската болница „Пирогов“, Валентин Димитров.
За време на посетата, таа се сретна и со тим од Клиниката за изгореници и пластична и реконструктивна хирургија.
За време на средбата, амбасадорката Агнеза Руси-Поповска изрази благодарност до раководството на болницата „Пирогов“ и до целиот медицински персонал кој учествуваше во спасувањето на животите и здравјето на македонските млади.
Тимовите ја информираа амбасадорката за моменталната состојба на пациентите кои продолжуваат да го посетуваат „Пирогов“ според распоредот.
Директорот Димитров се заблагодарил за вниманието и признаниетои рече дека болницата е секогаш достапна за сите пациенти на кои им е потребна високо специјализирана нега.