Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонците во Грција: За 20 години од барање за враќање на имотите до повик да добијат грчки пасош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Македонците во Грција: За 20 години од барање за враќање на имотите до повик да добијат грчки пасош
Blog

Македонците во Грција: За 20 години од барање за враќање на имотите до повик да добијат грчки пасош

Објавено July 22, 2026 09:15
Сподели
Сподели

Веста дека Грција ќе им дава пасоши на Македонците родени кај јужниот сосед ги врати сеќавањата за односите меѓу двете земји пред потпишувањето на Договорот од Преспа и негаторската политика на Грција кон населението кое било протерано за време на граѓанската војна.

 

Во 2008 година тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ покрена кампања за враќање на имотите на Македонците во Грција. Се процени се нивните имоти сега имаат вредност од околу 10 милијарди евра, најголем дел во северниот дел на Грција.

Има над 10.000 тужби и предмети поднесени од оштетените граѓани и нивните наследници. Голем дел од предметите беа префрлени од Европскиот суд за човекови права во Стразбур назад кон првостепените судови во Грција. Стразбур бара да се исцрпат сите правни лекови во матичната земја па дури потоа Европскиот суд да ги земе во разгледување

Правни пречки

Грчките власти сметаат дека имотите на лицата кои го напуштиле грчкото државјанство се конфискувани врз основа на нивните тогашни закони. Поради ова, голем број од тужбите во Грција се отфрлаат или се соочуваат со застој.

На повикот од грчката амбасада еден дел е посебно значаен, а тоа дека важи за „македонските граѓани кои имаат грчко потекло и би можеле да ги исполнуваат условите за добивање грчко државјанство“.

Ниту еден Македонец роден во Грција нема грчко туку македонско потекло и тешко дека некој во барањата за пасош би се согласил на ова.

Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина, стои во јавната објава на Амбасадата на Грција во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бодрете го вечерва Вардар
Следна Статија Невремето остави хаос: Над 9.000 повици за помош во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи

Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој…

September 27, 2024
Blog

Дневен хороскоп за Риби – сабота, 15 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денешниот ден е идеален за јакнење на вашата внатрешна мотивација. Со вашите особини како што…

February 15, 2025

Вклад 1xbet казино в игровое сообщество

Вклад 1xbet казино в игровое сообществоКазино 1xbet стало важной частью современного игрового сообщества, предоставляя игрокам широкий выбор развлекательных опций и…

March 3, 2026
Blog

Земја со најголем број автомобили по глава на жител во ЕУ

Италија имала најголем број автомобили по глава на жител во ЕУ во 2023 година, со 694 патнички возила на секои…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?