Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка
МАКЕДОНИЈА

Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка

Објавено July 30, 2025 10:26
Сподели
Сподели

Препораки да не се излегува покрај брегот на океанот, покрај реки, на пристаништа и на бедемите кои служат за заштита од плима, струи, бранови и бури, добиле денеска сите жители на Тајван поради опасност од цунами по земјотресот со јачина од 8,7 степени што го погоди рускиот полуостров Камчатка.

Како што сведочи за МИА Борче Пауновски, кој со своето семејство моментно е во Тајван, беспрекорна е организацијата кога станува збор за вакви природни катастрофи и елементарни непогоди поради што нема паника кај населението, ниту некој се чувствува загрозено.

-Денеска во 12 часот по локално време добивме предупредувачка порака за цунами. Тајванците не оставаат ништо на случајност. Најверојатно научени да живеат со ваквите појави, будно ги следат и превенираат. Се преземаат сите мерки да се намалат последиците од појавата. Од страна на Владата на Тајтунг, каде се наоѓаме во моментов, ни е наредено да останеме во хотел и да не излегуваме додека не добиеме порака дека тоа може да го направиме. Нема паника кај локалното население, а ние како странци овде само се надеваме дека ударот нема да биде од посериозни размери. За организираноста тука нема што да се каже. Беспрекорно е се. Тоа веќе го видовме во неколку случаи откако доживеавме два тајфуна со обилни врнежи од дожд. Исто како и сега, по добиените пораки само професионалните тимови се на терен, вели Пауновски кој со двата сина е на самиот брег на Тајтунг, во Тихи океан (Пацифик).

Тој нагласува и дека никој од надлежните во Тајван не држи прес-конференции кога има вакви ситуации.

-Тука никој не држи прес-конференции за да покаже дека нешто работи, ниту лиферува информации и видеа како спасува луѓе од поплавени региони. Сите, без оглед на работна позиција, се на терен и се справуваат со состојбата. Така, веќе наредниот ден се е по старо. Водата е издренирана и сите патишта се проодни. Одроните и наносите заедно со паднатите дрвја комплетно расчистени. Како успеваат не ми е јасно. Количината на вода која падна за време на двата тајфуна е огромна. Сувите корита кои се огромни, сега се полни со вода, објаснува Пауновски.

Пауновски е во Тајван на фестивал на балони на топол воздух.

-Тука сум со моите два сина од 29 јуни. Ангажирани сме од тајванските авторитети како два тима, два пилота и еден помошник за фестивал на балони на топол воздух. И во овој дел организацијата е доведена до перфекција. Годишно посетуваме преку 10 големи меѓународни фестивали или натреварувања, но никаде нема ваква „машинерија“. Лани имавме еден милион посетители, а годинава, и покрај временските предизвици, се очекува бројката да се надмине. И за луѓето, посетителите, нема што да се каже. Во 03 часот наутро со мали деца, со комплетна пикник-опрема чекаат да стартуваме и да уживаат во спектаклот. Инаку, при секое мое доаѓање, сум фасциниран од Тајван, со неговата природа и зеленило. Во сите урбани средини има преубави паркови комплетно прилагодени за сите типови рекреација. Корпи имаат многу ретко, но ѓубре фрлено никаде, потенцира Пауновски.

Земјотрес со јачина од 8,7 степени го потресе рускиот полуостров Камчатка, а издадено е предупредување за цунами за целиот Курилски остров во Сахалинската област. Според првичните податоци од Главната дирекција на руското Министерство за вонредни ситуации во Сахалинската област, земјотресот со јачина од 7,9 степени е регистриран во 10:30 часот по локално време во Тихиот Океан, 360,9 км североисточно од Северо-Курилск.

Подоцна, огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките објави дека, според различни проценки, јачината достигнала 8,7. Според научниците од академијата, ова е најсилниот земјотрес на полуостровот од 1952 година. Не се пријавени жртви или повредени, но имало штета во градинка во градот Петропавловск-Камчатски.

Околните земји се на „готовс“. Јапонија, Филипини, Индонезија и САД веќе издадоа наредби за евакуации поради опасност од цунами.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џастин Трудо повторно е на насловните страници- екс канадскиот премиер е во врска со Кети Пери (ВИДЕО)
Следна Статија (Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ги охрабрувам припадниците на МВР да продолжат, како и во изминатиот период, да ја спроведуваат правдата насекаде во Македонија

Денеска, ете, имав можност да бидам од овој навистина прекрасен настан. Прекрасен во смисла дека можевме во скратена верзија да…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд денеска носи одлука за „балансерот“

Уставниот суд денеска на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Милошоски за новиот грб: Македонија не треба да биде во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола

Македонија треба да има современ државен грб и со неговата симболика да биде дел од европското друштво на држави, а…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката за Извештајот на ЕП: Се докажува демократскиот дефицит во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски…

July 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?