Макрон на удар на ТикТок заедницата, цел свет прави шеги на негова сметка (ВИДЕО)

- Advertisement -

ТикТок е преплавен со исмејувања кон Макрон и шлаканицата што очигледно ја добил од неговата сопруга Брижит за време на официјалната посета на Виетнам.

Доволно е да го отворите TikTok и алгоритмот веднаш ќе ви го сервира Макрон, кој добива шлаканица како во француската верзија на Џери Спрингер, пренесе Индекс .

@crazyia13 Brigitte Macron vs Emmanuel Macron box 🥊 #macron #emmanuelmacron #brigitte #brigittemacron #viralvideos #viral #memes #pourtoi #fyp #explore ♬ son original – Fab LeGayDeLille

Брижит со боксерски ракавици и расплаканиот француски претседател се најчестиот мотив на потсмев.

Корисниците на X исто така не заостануваат…

Како што е познато, францускиот претседател и неговата сопруга вчера пристигнаа во официјална посета на Виетнам. Кога вратите на авионот се отворија, камерите снимија расправија меѓу двојката Макрон. Во еден момент, рака во црвена јакна го турка лицето на Макрон настрана.

Потоа Макрон видел дека вратата од авионот е отворена и дека пред него има камери. Тој се насмевна несмасно и им мавна на толпата.

Сподели ја оваа статија