Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манасиевски: Заев и Шекеринска специјални гости кај Катица Јанева, СЈО функционирало како штаб на СДС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Манасиевски: Заев и Шекеринска специјални гости кај Катица Јанева, СЈО функционирало како штаб на СДС
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Заев и Шекеринска специјални гости кај Катица Јанева, СЈО функционирало како штаб на СДС

Објавено February 9, 2026 16:43
Сподели
Сподели

Сведоштвата на поранешната обвинителка во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Лејла Кадриу, ги потврдуваат долгогодишните сомнежи дека оваа институција била партизирана и работела под директно влијание на СДС и тогашното раководство на партијата, изјави денеска членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

На прес-конференција, Манасиевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ уште пред речиси една деценија предупредувала дека СЈО, предводено од Катица Јанева, е ставено во функција на политички цели и интереси на СДС и поранешниот премиер Зоран Заев.

„Згаснатото СЈО, кое јавноста го памети по пресудата од седум години затвор за Катица Јанева поради земање мито, според сведоштвата на Кадриу било користено како алатка за политички прогон и остварување на партиски интереси“, рече Манасиевски.

Тој нагласи дека според исказите на поранешната обвинителка, чести посетители на просториите на СЈО биле Зоран Заев, Радмила Шекеринска, како и советници на Оливер Спасовски, кои, како што беше наведено, носеле прислушувани разговори – таканаречени „бомби“ – во форма на неформални белешки, без соодветна документација и записници.

Манасиевски посочи дека ваквото постапување овозможувало неовластен пристап и манипулација со доказен материјал, при што, според сведоштвата, било укажувано и на тоа кои лица да бидат гонети, а кои да бидат изземени од постапките.

Во продолжение, тој се осврна и на финансиското работење на СЈО, наведувајќи дека институцијата располагала со значителни буџетски средства, а во јавноста се појавиле сомнежи за нивно ненаменско трошење. Манасиевски повика надлежните институции да испитаат како биле потрошени средствата во првите месеци од функционирањето на СЈО, вклучително и трошоците за плати, бонуси, кирија и други расходи.

„Правдата не им била цел, туку профитот, политичкиот прогон и контролата врз институциите“, изјави Манасиевски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на, како што рече, практиките на партизација на судството и обвинителството.

Тој најави дека и во наредните денови партијата ќе продолжи со објавување на нови сведоштва поврзани со работата на СЈО и одредени обвинители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гаши порача пратениците како знаат и умеат утре да дојдат на работа
Следна Статија Тие се извлекуваат од секоја криза и сè им оди добро затоа што се родени под среќна ѕвезда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Тренчевска до Филков: Вашиот магистерски труд ви беше поважен од реформите во правосудството

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за правда, Игор Филков, да…

November 18, 2025
ПОЛИТИКА

Османи бара оставка од Меџити

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, денеска упати критики до министерот за животна средина Изет Меџити и…

September 14, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Албанците не прифаќаат вазали, туку самите ги избираат своите претставници

Секој ден кога повторува дека „нема да има предвремени избори“, Мицкоски всушност признава една горчлива вистина: тој е свесен за…

September 21, 2025
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: Не успеа планот на ДУИ со Таравари да дојде до распад во коалицијата

Од ВЛЕН денеска порачаа дека се пообединети од кога било и дека излегувањето на Арбен Таравари било обид на ДУИ…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?