Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манасиевски: Ристоска и Бубевски како Алфа и Омега во СЈО, Јанева ги делела предметите по насока од СДС и Заев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Манасиевски: Ристоска и Бубевски како Алфа и Омега во СЈО, Јанева ги делела предметите по насока од СДС и Заев
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Ристоска и Бубевски како Алфа и Омега во СЈО, Јанева ги делела предметите по насока од СДС и Заев

Објавено February 10, 2026 13:08
Сподели
Сподели

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените „бомби’’ од страна на СДС и Заев, вака вели во своето сведоштво на телевизиско гостување поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред да почне со работа СЈО, биле одбрани 7 од вкупно 12 обвинители, додека пак останатите 5 коишто требале да се приклучат, се приклучиле за многу кратко време, само поради фактот што еден од тие 5 обвинители морал да биде Гаврил Бубевски. Се чекало на амин од страна на Зоран Заев за овој тим да се оформи и да почне со работа. СЈО кое било користено за интересите и потребите на СДС, информации кои ние долго време ги говоревме, денес веќе и се потврдуваат. Дека станува збор за договор на Катица Јанева и Зоран Заев во тоа време, говори сведоштвото на Кадриу, која вели дека Јанева на своите вработени им кажала дека на ден 30.12.2015 година, не мораат да дојдат на работа, туку да си ги спојат тие деновно односно со празниците и да одмораат дома но, една од оние кои не го направиле тоа била и Лејла Кадриу, која сведочи како тој ден кога не требало никој да има на работа, Зоран Заев, Радмила Шекеринска и други лица биле во СЈО и носеле материјали кои незаконски ги примиле Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска. Дополнително на ова, сите таканаречени бомби, биле прво праќани до ЈО, за потоа да бидат проследени до СЈО, за Катица Јанева да ги распореди кој предмет за кој обвинител да го работи. Ристоска, Бубевски, Фетаи и Стефановска, биле толку големи професионалци во својата работа, што овие пријави од Зоран Заев ги преземале без никаков записник, што е спротивно на законите и отвора дополнителен сомнеж за веродостојноста на истите. Од една страна ја имаме, Ристоска која сака да биде државен јавен обвинител, која во тие моменти била воодушевена од присуството на Заев и Шекеринска, нешто коешто во својата работа не смее да го покажува. Имено, дали баш на овој начин Ристоска би го водела и обвинителството, со симпатии кон одредени структури во државата? Од другата страна, го имаме Гаврил Бубевски, човек кој самиот се фалел дека не смеело ништо да помине токму без негово одобрение во СЈО, човекот кој имал 4 телефони, и на секој телефон добивал различни насоки од луѓе кои му кажувале кој предмет кој обвинител да го работи. Со тоа, директно надворешни структури, односно Зоран Заев и СДС влијаеле на епилогот на овие пријави, истакна Манасиевски.

Овие професионалци кои денес глумат жртви треба да се извинат за она што го правеле во минатото, по сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу, личност која ја делела истата канцеларија токму со овие луѓе. Не смееме да дозволиме партиско инструирани личности повторно да ги водат овие правосудни органи. Правда и одговорност мора да има, додаде Манасиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Samsung Galaxy S26 Ultra: Датум на пуштање и очекувања
Следна Статија Тестирав Claude Code конкурент кој е локален, отворен извор и целосно бесплатен – како помина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ веќе 4 дена нема никакви прес-конференции, ниту пак соопштение испратено до јавноста. Да не говориме…

November 23, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: ДУИ уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија, а ќе остане во длабока опозиција

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вчерашниот митинг во Кавадарци во рамки на кампањата за локалните избори меѓу другото се…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од младинска трибина во Струмица испрати порака за обединување и враќање на европска иднина на…

June 1, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски најавува избори

Симптоматично е што Мицкоски, во народот познат како „мали Вучко“, вчера зборуваше повторно за избори. Во исто време објавува и…

December 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?