Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манев: „Носиме маски, нема да не познае, да ја пуштиме“, откако виделе дека Вања е девојче, а не жена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Манев: „Носиме маски, нема да не познае, да ја пуштиме“, откако виделе дека Вања е девојче, а не жена
ХРОНИКА

Манев: „Носиме маски, нема да не познае, да ја пуштиме“, откако виделе дека Вања е девојче, а не жена

Објавено June 18, 2025 11:00
Сподели
Сподели

Горан Бошевски, адвокат на обвинетиот Велибор Манев, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кои завршни зборови дава одбраната, истакна дека неговиот штитеник од првообвинетиот Љупчо Палевски добивал инструкции за грабнувањето на велешкиот пензионер со кого се познавал од претходно. Манев и Боре Видевски претходно ја имале ископано земуницата, каде подоцна тој на полицијата му откри дека е закопан убиениот Жежовски.

За денот на грабнувањето на Жежовски

Палевски преку „моторола“ им кажал да влезат. Влегол прв Маневски и го турнал Жежовски додека Палчо го земал телефонот, кој подоцна го фрлил во долот. Неспорно е дека грабнувањето на Панче е во ден среда. Двете возила тргнале кон земуницата. Го изнеле Панче, го спуштиле. Велибор се наведнал и во тој момемт го видел Палчо како пука кон Панче.
Кога го прашал зошто го направил тоа, Палчо му рекол: „Да не расипуваме сега пријателство“.

За грабнувањето на Вања

Боре ѝ го исклучил мобилниот на девојчето. Кога стасале, Палевски ја извадил и ја сликал. Палевски зборувал со некого на телефон. Кога ја извадиле лентата виделе дека е девојче и му рекле да ја пуштат оти е грешка.

„Носиме маски нема да не познае, да ја пуштиме“, му предложил Манев на Палчо.

Но, Палевски го зел пиштолот и го убил девојчето. Отишол до неговото возило, извадил копач и лопата и им ги дал да копаат дупка, објасни во завршните зборови адвокатот Бошевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво
Следна Статија Исклучен Термоблок 2 во РЕК Битола поради заштитна реакција, поведена е истрага

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Жена си го истепала соседот во Центар

На 07.01.2025 во 15:15 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(39) од Скопје пријавил дека околу 12:30 часот пред влезната врата од…

January 8, 2025
ХРОНИКА

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам…

March 4, 2026
ХРОНИКА

Ги изигрувале прописите: Обвинение за четири физички и едно правно лице за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена сеопфатна истражна постапка денеска до основниот кривичен суд…

December 18, 2024
ХРОНИКА

Уапсен битолчанец, возел со речиси 100 км/час повеќе од дозволеното

Вчера во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија од…

November 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?