Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Марковски како кандидат за градоначалник на Скопје: Градот е во агонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Марковски како кандидат за градоначалник на Скопје: Градот е во агонија
ПОЛИТИКА

Марковски како кандидат за градоначалник на Скопје: Градот е во агонија

Објавено August 27, 2025 10:53
Сподели
Сподели

Граѓанската платформа „Независни заедно“ на денешниот промотивен настан, официјално ја објави кандидатурата на деканот на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор д-р Горан Марковски, за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори.

Промоцијата ја отвори Јана Белчева Андреевска, кандидатка за советничка за град Скопје која истакна дека по години гледање како се нижат проблеми, се губат и запустуваат јавни простори и јавни објекти, како горат и исчезнуваат пред наши очи објекти со вредност и значење, има шанса за промена.

„Скопје е во агонија. Му е потребна визија ослободена од корупција, култура наместо популизам, стандарди наместо импровизации. Оваа моја кандидатура е повик за заедничка борба за град кој ќе им служи на граѓаните, а не на тесни интереси“, истакна Марковски.

Посочи дека Скопје денес се соочува со сериозни предизвици – загаденост, урбан хаос и изгубен идентитет – и нагласи дека потребни се нови решенија кои ќе донесат надеж, особено за младите.

„Го започнувам овој пат од Камениот мост – симболот на поврзување и заедништво. Убеден сум дека со широка граѓанска поддршка можеме да изградиме град кој ќе биде вистински европски дом, место на кое ќе се гордеат сите скопјани“, додаде тој.

Од „Независни заедно“ порачаа дека Марковски е личност со докажан професионален интегритет и долгогодишно искуство, кој зад себе има голем број реализирани проекти и генерации воспитани инженери. „Време е Скопје да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот,“ велат од платформата.

Марковски подвлече дека Скопје мора повторно да стане симбол на заедништво и поврзување, а вистинската промена може да се постигне единствено преку активни граѓани и независни личности кои ќе изградат силни институции и здрава демократија.

„Независни заедно“ е широка граѓанска платформа која ги обединува независните советници и локални иницијативи од неколку скопски општини-„Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“. Покрај град Скопје, платформата веќе објави дека цели на победа во општина Центар каде ќе ја поддржи кандидатурата на истакнатата антикорупционерка Билјана Ивановска. „Независни заедно“ произлезе како одговор на разочараноста од традиционалните политички партии и има за цел да ја врати локалната власт во рацете на граѓаните. Платформата ги повикува сите скопјани, поединци и групи, да се приклучат и заеднички да изградат нов модел на управување – чесен, стручен, транспарентен и посветен на јавниот интерес. „Само заедно можеме да му дадеме шанса на Скопје да стане град по мерка на човекот,“ појаснуваат од платформата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мајките во Србија добиваат дополнителен стаж за мајчинство
Следна Статија Филипче вели заслужил одмор на јахта, но крие чија е истата – негира и дека е на „жешка линија“ со Заев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Муцунски – Бербок: Нагласена силната поддршка за европската интеграција на Македонија и потврдено цврстото пријателство помеѓу двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес во Берлин оствари билатерална средба со сојузната министерка за надворешни…

October 15, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изградија и реконструира патишта во должина од над 770 километри, направени се речиси 47 километри нови водоводи, модернизирани над 400 училишта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на тоа што…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

Бектеши го брани Груби: Артан е вреден човек со високи вредности

„Одлука полна со храброст“, со овие зборови, екс министерот за економија Крешник Бектеши на социјалните мрежи ја брани одлуката за…

December 12, 2024
ПОЛИТИКА

(Видео) Коњановски: Реката Драгор добива ново лице

Во следниот мандат, една од најголемите заложби ќе биде реализација на многу значаен проект, уредувањето на коритото на реката Драгор,…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?