Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Горан Марковски утрово сподели повеќе фотографии од купишта отпад покрај веќе преполни контејнери.
„Ако секое утро се туширате и спаструвате за да излезете од дома, такa е и со градот… секое утро треба да е спастрен и дотеран за граѓаните. Нема философија во чистиот град само добра организација, математички прецизна и инженерски точна, вели Марковски во неговата Фејсбук објава.
За фотографиите вели дека биле од повеќе скопски општини, кои му ги испратиле утринава граѓаните.