Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Марко Бислимоски поднесе оставка од Регулаторна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Марко Бислимоски поднесе оставка од Регулаторна
МАКЕДОНИЈА

Марко Бислимоски поднесе оставка од Регулаторна

Објавено February 12, 2026 12:49
Сподели
Сподели

Марко Бислимоски поднесе оставка од функцијата претседател на Регулаторна комисија за енергетика. Во писменото известување упатено до Собрание на Република Македонија, тој наведува дека се повлекува од функцијата на која бил именуван, односно реизбран, на 26 јули 2023 година, и бара согласно Законот за енергетика да се утврди престанокот на мандатот.

Оставката доаѓа по кривична пријава поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје, во која се наведува дека Бислимоски, иако бил законски обврзан, не покренал постапка за навремено одземање на лиценцата на компанијата Тритерол Петрол ДООЕЛ Скопје, која, според наводите, не ги исполнувала условите за вршење енергетска дејност.

Според пријавата, наместо лиценцата да биде одземена во јануари 2024 година, согласно законските рокови, претседателот на РКЕ донел решение со кое постапката била прекината. Лиценцата официјално била одземена дури во април 2025 година, односно со задоцнување од околу 15 месеци.

Бислимоски ги отфрли обвинувањата и изјави дека не чувствува вина во врска со постапувањето. Надлежните институции треба да утврдат дали има основ за кривична одговорност и дали во случајот биле прекршени законските обврски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тојота Хајлендер станува електричен SUV со три реда седишта и опсег од 320 милји
Следна Статија Мицкоски очекува убава вест од САД за Македонија: Тарифите за 64 стратешки производи ќе се намалат на 0 до 6 проценти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пајак не сакаше да крене непрописно паркирано “службено порше“ во „Дебар Маало“ оти бил на полицаец (ВИДЕО)

На социјалните мрежи е споделено видео на кое се гледа расправија помеѓу граѓани и пајак служба на ПОЦ поради непрописна…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Уставниот суд е најнереформираниот државен орган

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на тркалезната маса насловена како: „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“, организирана од…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пренџов бара комисиска расправа за АНБ, а Реџепи не свикува седница бидејќи бил дискриминиран

Членот на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР пратеникот Љупчо Пренџов денеска јавно го повика претседателот на Комисијата…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почнаа вонредните контроли на фирмите што произведуваат медицински канабис, ќе се проверуваат 43 лиценци

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска соопшти дека почнаа контролите на сите фирми за производство на медицински канабис. Како што…

February 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?