Младиот охриѓанец, Марко Пејчиновски уште еднаш успеа да ја оствари својата нова мисија.
Модифицираниот Ајронмен триатлон во должина од 107 километри го заврши за околу 20 часа или подетално:
7 часа и 47 минути – трчање (Св.Наум – Струга)
2 часа и 33 минути – возење велосипед (Струга – Св.Наум)
9 часа и 29 минути – пливање (Св.Наум – Охрид)
Со овој подвиг, Марко Пејчиновски покажа неверојатна желба, истрајност, љубов и борба и стана симбол на упорноста.
Неговата цел е да ги мотивира луѓето да пронајдат сила во себе и да ги надминат препреките кои ги носи животот.
Тој во 2018-та го преплива Охридското езеро на само 12 години и тоа после инфаркт на колкот кој го доживеал претходно при операција на тестиси.