Вредноста на синдикалната минимална кошница за март изнесува 67.818 денари, пресмета Сојузот на синдикати. Споредена со вредноста на кошницата за февруари која изнесува 67.382 денари, тоа е зголемување за 436 денари.
Со изнајмен стан од 60 квадрати, мартовската кошница се зголемува на 83.193 денари.
„Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2.326 денари“, велат од ССМ.
Во продолжение ставот на ССМ
За три месеци животот поскап за околу 2.500 денари, тие минималната плата ќе ја усогласувале за 1.667 денари !
Зголемувањето на вредноста на Синдикалната минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2326,00 денари.
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година изнесува 67.818,00 денари, споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 год. која изнесува 67.382,00 денари е зголемена за 436,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март изнесува 83.193,00 денари.
Дополнително, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) во истиот период на 05.01.2026 година изнесувала 64,50 (денари/литар) , а на 16.03.2026 година 92,00 (денари/литар) или за три месеци се зголемила за +27,50 (денари/литар)
Дали животот на македонските работници ќе се подобри, ако ССМ престане да ја пресметува вредноста на Синдикалната минимална кошница и дали во тој случај македонските работници ќе бидат задоволни со висината на нивните плати како што се обидуваат да ја претстават состојбата владините претставници