Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Македонија е силно посветена на изградба и модернизација на транспортните коридори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Македонија е силно посветена на изградба и модернизација на транспортните коридори
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија е силно посветена на изградба и модернизација на транспортните коридори

Објавено July 18, 2025 17:30
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со заменик амбасадорот на ЕУ, Бен Нупно.

На средбата вицепремиерот Николоски ја истакна силната определба на Владата за развој на инфраструктурата, со посебен фокус на европските коридори 8 и 10, како и кракот 10 д.

Потребата од економско зајакнување на Македонија и интеграција во регионот е возможно единствено преку изградба и модернизација на патната и железничката мрежа, потенцира вицепремиерот Николоски, истакнувајќи ја потребата од силна подршка од европските партнери во овие процеси.

Тој нагласи дека Македонија се движи во правец на инфраструктурна интеграција во регионот, посочувајќи дека Владата започна интензивни процеси на изградба и модернизација на главните европски рути во земјава, истакнувајќи ги проектите за автопатското и железничкото поврзување на коридор 8, особено проектот за изградба на брза пруга на коридор 10.

Во однос на железничкото поврзување со Бугарија, вицепремиерот Николоски ја нагласи определбата на Владата за доизградба на пругата и заедничката реализација на овој проект со Бугарија, особено по средбата што се одржа во Брисел, а во посредство со Европската Унија.

На средбата се потенцира и важноста од зголемување на капацитетите и потребата од искористување на средствата преку ИПА фондовите.

Интегерцијата на Македонија и соработка со ЕУ е стратешка политика на Владата, посочи вицепремиерот Николоски, истакнувајќи дека ќе продолжи посветено да се работи на реформските процеси, на борбата против корпуцијата и владееење на правото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Македонија го зајакнува својот одбранбен капацитет- набавени артилериски системи и опрема согласно НАТО стандардите
Следна Статија Групата која носела бразилки во „Џевахир“ за проституција, доби пресуда од Кривичниот суд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Миле Јанакиески влезе во градежниот бизнис

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески стана еден од сопствениците на градежниот конзорциум „Смарт инвест груп“, кој обединува…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите, според НБ

Најновите податоци на Народната банка покажуваат во септември годишен пад на просечната каматна стапка на вкупните кредити од 0,08 процентни…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Маркетите со преполовен промет по бојкотот, Владата утре со детали од инспекциските контроли

По бојкот за пазарење во маркетите во петокот што за првпат се реализираше во земјава по примерот на Хрватска и…

February 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Нема одложување на мерката за објавувањето на цените, ќе се интензивираат контролите

Во тек се вонредните контроли, а поинтензивно ќе се спроведуваат по Велигден и нема никакво одложување, вели заменик министерот за…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?