Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маск ги повика граѓаните да ја напуштат ЕУ: Брисел ја уништува демократијата во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Маск ги повика граѓаните да ја напуштат ЕУ: Брисел ја уништува демократијата во Европа
СВЕТ

Маск ги повика граѓаните да ја напуштат ЕУ: Брисел ја уништува демократијата во Европа

Објавено August 2, 2025 14:51
Сподели
Сподели

Американскиот милијардер Илон Маск ги повика сите земји од ЕУ, вклучително и Ирска, да го напуштат блокот, обвинувајќи ја ЕУ за „уништување на демократијата на континентот“.

Во објава на социјалните медиуми, Маск директно ја поддржа таканаречената иницијатива ИРЕГЗИТ (IREXIT) – излегување на Ирска од ЕУ – како одговор на пресудата на Судот на правдата на ЕУ со која ѝ беше наредено на Ирска да обезбеди сместување за барателите на азил, и покрај противењето на ирските судови.

-Ирска треба да ја напушти ЕУ. Сите земји треба да го сторат тоа, според мене. Европската унија ја уништува демократијата во Европа, рече Маск во објавата.

Овој став следеше по критиките кон ЕУ од страна на корисникот Мајкл О’Киф, кој тврдеше дека Европската унија „ја мрази демократијата“ и нема право да се меша во националните судски одлуки.

Ова не е прв пат Маск остро да го напаѓа Брисел. Во претходните изјави, тој ја обвини Европската комисија дека му понудила „нелегален договор“ во врска со цензурата на содржината на платформата „X“, со што, тврди тој, не се согласил. „Доколку тивко цензуриравме одредени изјави, немаше да бидеме казнети. Другите платформи се согласија со тој договор. „X“ не се согласи“, рече Маск.

Тој постојано предупредуваше дека Европа е „на работ на истребување“ поради драстично ниската стапка на наталитет, повикувајќи на фундаментални промени за да се избегне „сопствениот крај“ на континентот. Тој ја опиша Европа како регион на „широко распространет песимизам“, каде што многу луѓе повеќе не веруваат во иднината.

Во контекст на претстојните германски избори, Маск отворено ја поддржа Алис Вајдел, кандидатка на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), во објава во која ги повика Европејците да се приклучат на движењето „Да ја направиме Европа повторно голема“.

-Луѓе на Европа: Придружете се на МЕГА движењето! Да ја направиме Европа повторно голема!!, напиша Маск.

Оваа поддршка предизвика силни реакции од европските претставници. Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц остро ги критикуваше ставовите на Маск, нарекувајќи ја неговата поддршка за АфД „одвратна“.

-Огорчен сум што Маск ја поддржува крајната десница и не реагира соодветно на страдањето на Евреите и другите народи во Европа од рацете на Германците во минатото. Неговите изјави ја оштетуваат демократијата низ цела ЕУ, рече Шолц.

Коментирајќи ги ставовите на Маск, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, застана во негова одбрана. Тој иронично ја спореди европската реакција на Маск со американската толеранција кон објавите на Грета Тунберг.

-Ако можевме да издржиме една деценија објави на Грета, сигурно можеме да издржиме неколку месеци на Маск. Демократијата значи дека гласот на граѓаните не може да биде замолчен, заклучи Венс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова: Македонската држава не е стебло без корен, таа е вкоренета во демократските и хумани визии на Гоце Делчев и неговите соборци
Следна Статија Колку чини храната низ Европа во 2025: Париз најскап, Мадрид најевтин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Ова е украинскoто Фламинго – ракета што може да го промени текот на војната

Додека сојузниците на Украина разговараат како да ѝ обезбедат на земјата безбедносни гаранции, Киев напредува со свој начин на одвраќање…

August 22, 2025
СВЕТ

Русија го забрани Вибер

Руските власти ги блокираа услугите на апликацијата Вибер поради кршење на аконот од страна на операторот, соопшти рускиот телекомуникациски регулатор…

December 14, 2024
СВЕТ

Ова се кандидатите за нов Папа: Eден поддржува хомосексуалци, друг не дава разведени да се причестуваат

Правилата на конклавата налагаат право на глас при изборот на новиот папа да имаат 138 од постоечките 252 кардинали. Кардиналите…

April 22, 2025
СВЕТ

Трамп ја исмеваше Франција зашто ја слави победата во Втората светска војна и го имитираше Макрон

Американскиот претседател Доналд Трамп ја исмеа Франција за нејзините прослави по повод 80-годишнината од победата на сојузниците во Европа во…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?