Маск изгуби 145, Гејтс 3, а Цукерберг 28 милијарди долари: Само овој милијардер е единствениот што заработи по царините на Трамп

- Advertisement -

Глобалните пазари забележаа драстичен пад по воведувањето на царините наметнати од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Њујоршката берза доживеа пад веднаш по отворањето на првиот ден по воведувањето на царинските тарифи, а според податоците на „Bloomberg Billionaires Index“, Ворен Бафет е единствениот чие богатство драстично се зголемило.

Според податоците на „BBI“, нето вредноста на Бафет, еден од 10-те најбогати луѓе во светот, се зголеми за 12,7 милијарди долари во текот на 2025 година.

Пазарниот шок предизвикан од воведувањето царински мерки на кинески стоки и европски производи „збриша“ речиси осум милијарди долари пазарна вредност за само неколку дена.

Најтешко се погодени технолошките милијардери како Илон Маск кој изгубил дури 130 милијарди долари од почетокот на годината, Џеф Безос кој изгубил околу 45 милијарди долари, додека Марк Цукерберг изгубил околу 28 милијарди долари.

Сподели ја оваа статија