Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маск се скара со Трамп, па му донираше уште 15 милиони долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Маск се скара со Трамп, па му донираше уште 15 милиони долари
СВЕТ

Маск се скара со Трамп, па му донираше уште 15 милиони долари

Објавено August 1, 2025 09:26
Сподели
Сподели

ехнолошкиот милијардер Илон Маск донираше 15 милиони долари на американските републиканци, вклучувајќи и пет милиони долари на „MAGA Inc“, супер ПАК комитетот што го поддржува Доналд Трамп, и тоа по јавната расправија со претседателот на САД.

поред извештајот на Политико, новите документи откриваат дека Маск ги дал тие донации во јуни, само еден месец откако изјави дека доволно има потрошено на политика. Истовремено тој дал дополнителни 10 милиони долари за да им помогне на републиканците да ја задржат контролата над Конгресот.

Донациите доаѓаат неколку недели по неговата јавна критика кон Трамп и републиканците за поддршка на закон кој, според Маск, може да го зголеми буџетскиот дефицит.

И покрај тоа што Маск го обвини Трамп на социјалните мрежи, нарекувајќи го „тажен“ и „урната верзија на себе“, сепак тој донираше пет милиони долари на главните супер ПАК-ови што ги поддржуваат републиканците во Конгресот: Конгресниот фонд за лидерство, Сенатскиот фонд за лидерство и MAGA Inc.

Маск минатата година вложи 290 милиони долари за поддршка на Трамп и другите републикански кандидати, а првично беше активен и во напорите за намалување на државните трошоци во почетокот на Трамповиот мандат.

Во мај тој најави дека нема повеќе да донира, наведувајќи дека не гледа причина за тоа, но сепак продолжи со поддршка на републиканските структури, и покрај личниот конфликт со Трамп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки
Следна Статија Бендевска наместо Гаши ќе ја предводи делегацијата во Прохор Пчински и во Пелинце

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Камион се забил во авион на писта на „Хитроу“

Камион се удри во авион „Боинг 787-9“ на компанијата „Сауди Арабиан ерлајнс“ на пистата на лондонскиот аеродромот Хитроу пред три…

June 1, 2025
СВЕТ

ЕУ го усвои 18-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон енергетиката и банките

Земјите-членки на Европската Унија денеска постигнаа договор за 18-тиот пакет санкции против Русија, објави високата претставничка за надворешни работи и…

July 18, 2025
СВЕТ

Рација во европското седиште на „Тему“

Кинескиот онлајн трговец на мало е под лупа на Европската комисија веќе некое време поради обвинувања за недостаток на напори…

December 12, 2025
СВЕТ

Лекарите објавија од што почина директорот на австриската компанија Страбаг, која ги гради патиштата низ Македонија

Директорот на познатиот градежен концерн Страбаг, Клеменс Хазелштајнер, почина во петокот на 17 јануари од аневризма. Ова го соопштија лекари…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?