Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки
МАКЕДОНИЈА

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки

Објавено August 1, 2025 09:34
Сподели
Сподели

Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без возачка дозвола, под дејство на алкохол или дроги, и оние што управуваат со екстремна брзина – ќе им биде одземано возилото трајно. Ова е првпат ваква мерка да се воведе во Македонија.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој ја сподели информацијата, истакна дека нема да има зголемување на глобите, но новите санкции ќе бидат далеку поригорозни. Освен конфискација на возилото, со измените на Кривичниот законик, секое безобѕирно управување ќе резултира и со задолжителна затворска или условна казна, покрај паричната.

„На човек без возачка дозвола, под дејство на дроги и алкохол, не смее да му се дозволи да биде дел од сообраќајот“, рече Тошковски.

Додаде дека на таквите возачи, ќе им ги одземат возилата и ќе бидат донирани на институции, кои потоа ќе ги стават во функција на сите граѓани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се роди „најстарото“ бебе на светот, од ембрион замрзнат во 1994 година
Следна Статија Маск се скара со Трамп, па му донираше уште 15 милиони долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска на пладне ја свика втората седница на Советот за безбедност. Членови на Советот за безбедност…

August 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кочани беше момент на национален шок, но и општествена катарза, мораме да извлечеме лекции, кажа претседателката

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на завршната сесија на Меѓународната конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти по…

March 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Почнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Безбедноста во Тетово и регионот на највисоко ниво пред изборите

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, во рамки на редовните активности, денеска оствари работна посета на…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?