Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На Филозофски незаконски се запишувале студенти на магистерски и докторски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На Филозофски незаконски се запишувале студенти на магистерски и докторски
МАКЕДОНИЈА

На Филозофски незаконски се запишувале студенти на магистерски и докторски

Објавено April 21, 2026 18:19
Сподели
Сподели

Десетина студенти со незавршени соодветни додипломски студии биле незаконски запишани на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет. Скандалот го откри Просветниот инспекторат кој донел решенија за поништување на уписите поради неисполнување на законските услови. А го потврди и министерката за образование Весна Јаневска. Таа го чека извештајот на Факултетот за да донесе конечно решение. А студентите, поради прекинот во студиите се ставени во правен и финансиски ќорсокак.

„Констаторани се нерегуларности на Филозофскиот факултет, но не при упис на додипломски, туку при упис на постдипломски студии, втор и на трет циклус студии. Државниот просветен иснпекторат постапуваше, донесе заклучоци, го информираше Факултетот. Факултетот треба да постапи. Колку што мене ми е познато, постапува. И конечно јас го чекам конечниот извештај, откако ќе помине рокот за постапување, за да како министер овластен во таа област го донесам и конечното решение“, вели министерката за образование Весна Јаневска.

Деканот на Филозофскиот факултет Оливер Бакрески вели контролата од Просветниот инспекторат сами ја побарале и постапиле по решението. Станувало збор за студенти кои имале завршено тригодишни стручни студии и едногодишни магистерски студии. Тврди дека биле 7 до 8 студенти. А парите ќе им бидат вратени. Според информации кои ги добил, вакви уписи имало и на другите факултети, но тврди мора да работат законски и да постапат по Решението на инспекторатот.

„За жал моравме да ги испишеме тие студенти. Во однос на наодите дека факултетот, условно нема никаква повратна информација во однос на студентите да ги врати финансиските трошоци, затоа што имаат финансиски импликации додека студираат, апсолутно тоа тврдам категорично не е така. Ќе ви ги покажам списите. Сите студенти односно половина од студентите кои ги доставија своите трансакциски сметки во текот на вчерашниот ден потпишани беа налозите, денес или утре парите ќе им бидат вратени“, вели Оливер Бекрески, декан на Филозофскиот факултет

Реакциите во медиумите беа дека поради поништените уписи, студентите останале без статус, но и без средствата што ги уплатиле. За магистерски студии трошоците изнесуваат од 2.000 до 3.000 евра, а за докторски и 5.000–6.000 евра. А дел од студентите веќе ангажирале адвокати и најавиле судски постапки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Фала, злато си, честам ручек“, му напишала Димитровска на колегата кој место неа полагал испити за највисока државна тајна
Следна Статија Почина новинарката Гордана Дувњак

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вода ќе немаме 15 часа: Следете ги препораките на Институтот за јавно здравје

Поради активности за санација и модернизација на главниот градски водовод, скопјани вечерва ќе останат без вода. Прекинот, според информациите од…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Екс министерот Крешник Бектеши на распит во полицијата

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е повикан разговор во полиција, дознава Плусинфо. Бектеши е повикан на распит во полициската…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Силниот ветер однесе кров од зграда во Ѓорче Петров

Силниот ветер попладнево однесе кров од зграда во скопската општина Ѓорче Петров. Кровот паднал на улица, прчинета е материјална штета.…

August 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски преку пост на својт фејсбук профил им го честита големиот празник Рамазан Бајрам на сите…

March 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?