Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Фала, злато си, честам ручек“, му напишала Димитровска на колегата кој место неа полагал испити за највисока државна тајна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Фала, злато си, честам ручек“, му напишала Димитровска на колегата кој место неа полагал испити за највисока државна тајна
МАКЕДОНИЈА

„Фала, злато си, честам ручек“, му напишала Димитровска на колегата кој место неа полагал испити за највисока државна тајна

Објавено April 21, 2026 17:51
Сподели
Сподели

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, се соочува со обвинение за кривично дело „компјутерски фалсификат“, откако, според обвинителството, две години по ред испитот за безбедносен сертификат го полагало друго лице во нејзино име.

Станува збор за ревизорот во Државниот завод за ревизија, Миле Столевски, кој, според презентираните докази, користел нејзини пристапни податоци за да се најавува на обуките и тестирањата во системот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, претставувајќи се како Димитровска.

На денешното судење, обвинителот Фатон Азизи од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција презентираше комуникација меѓу обвинетите, во која се гледа дека Димитровска му испраќала корисничко име, лозинка и други податоци за пристап до системот. Во пораките, таа му се заблагодарува за положениот испит со зборовите „злато си“ и најавува дека ќе го почести со ручек.

Според доказите, Столевски во 2023 и 2024 година ги следел обуките и ги полагал тестовите во нејзино име, по што ѝ ги доставувал сертификатите, објави 4news.mk Во една од пораките, тој наведува дека испитот е положен со висок резултат, додека во друга сугерира поништување на претходен сертификат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ратко Младиќ е во животна опасност
Следна Статија На Филозофски незаконски се запишувале студенти на магистерски и докторски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе се бара одговорност: Ископувањата околу изворот „Шум“ се причина за матноста на водата во Струга

Ископувањата направени околу изворите во „Шум“, се главна причина што ја предизвикала матноста на водата од која се снабдуваат Струга…

February 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Бугарија доби официјален протест, амбасадорот Радуков повикан во МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата…

July 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, положи свежо цвеќе на гробот на претседателот…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Брод се запали на Охридското Езеро

Мал брод попладнево беше опожарен во Охридското Езеро, во близина на пристаништето. За среќа, екипи на полицијата брзо интервенираа и…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?