Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпад
МАКЕДОНИЈА

Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпад

Објавено December 30, 2025 18:43
Сподели
Сподели

Минатата година во земјава биле собрани вкупно 637 471 тон комунален отпад, што е зголемување во однос на претгодните години, додека проценките за вкупно создаден комунален отпад се 790 866 тони, што е намалување во однос на претходните години. Целокупното количество на собран комунален отпад се фрла на депонија.

Секој жител минатата година создал во просек по 438 килограми комунален отпад, што е намалување во однос на претходната 2023 кога секој жител во просек создал по 503 килограми комунален отпад, покажуваат податоците Државниот завод за статистика.

Комунален отпад е отпад кој се собира или со него се постапува од или за општините. Го опфаќа отпадот од
домаќинствата, вклучувајќи го масивниот отпад, сличен отпад од комерцијални и трговски дејности, службени згради,
институции и мали бизниси, отпад од дворовите и градините, уличен смет, содржината на отпадните контејнери и
отпадот од чистењето на пазарите. Дефиницијата го исклучува отпадот од општинските канализациски мрежи, како и
отпадот од градежништвото и при уривање.

Посебно сега, кога контејнери за селекција има во секоја населба, ја имате можноста да бидете промената што сакате да ја видите во општеството. Потребен  е минимален напор да се селектира отп

Податоците од колективните постапувачи што доставиле извештаи до Миистерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат дека 65 проценти од вкупното количество отпад од пакувања пуштен на внатрешниот пазар бил рециклиран, односно од 80 575 тони отпад од пакување пуштен на пазарот биле рециклирани 52 605 тони.
По категории лани единствено отпадот од пакувања од хартија и картон пуштен на пазарот бил целосно и повеќе рециклиран (105%), потоа следи отпадот од метал (80%), стакло (54,6%), пластика (38,9%) и дрво (38,8%).  Во апсолутни бројки, најмногу се рециклирал отпад од хартија и картон (29 614 тони), потоа пластика (8 979 тони), стакло (7 570 тони), дрво (3 416 тони) и метал (3 026 тони).

Трошоците за заштита на животната средина во 2024 година изнесувале 10 503 523 000 денари или 169,4 милиони евра, додека од даноци поврзани со животна средина во 2023 година биле собрани 12 198 700 000 денари или 196,7 милони евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Турција приведени 357 осомничени за поврзаност со Исламска држава
Следна Статија Пензијата за декември ќе биде навреме исплатена на 2 јануари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Средба Мицкоски – Касаноф: Македонија има пријатели!

Остварив средба со Александар Касаноф кој е заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Горан Ангелов-Ќосето доби прекин на казната затвор затоа што има скршени четири ребра

Горан Ангелов-Ќосето, осуден за „27 април“, доби прекин на казната од два месеци. Ваквата одлука доаѓа откако претходно судот го…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонци заминуваат кон грчките плажи, продолжениот викенд предизвика хаос на „Богородица“

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но зголемената фреквенција на возила поради летните одмори и…

September 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Свечена академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Утре, 11.10.2025 година (сабота), со почеток во 12:30 часот по повод одбележување на 11 Октомври Денот на народното востание ќе…

October 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?