Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Матарела на средбата со Сиљановска-Давкова: ЕУ не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Матарела на средбата со Сиљановска-Давкова: ЕУ не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација
МАКЕДОНИЈА

Матарела на средбата со Сиљановска-Давкова: ЕУ не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација

Објавено May 26, 2025 14:24
Сподели
Сподели

Европската Унија не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација врзана за идентитетски прашања, истакнал претседателот на Италија Серџо Матарела на денешната средба во Рим со претседателката Гордана Сиљановска Давкова, јави известувачот на МИА.

Во изјава за медиумите по средбата со Матарела, претседателката нагласи дека шефот на Италијaнската Република е наш голем пријател и оти во разговорите ги реафирмирале заложбите за реинтеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Тој веќе разговарал со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен за она што нам ни се случува. И не само како наш пријател туку и како голем пријател на Западниот Балкан рече дека ЕУ не смее да дозволи ние да бидеме жртва на идентитетски прашања или на билатерализација врзана за идентитетски прашања. Очекува, и јас очекувам, да дојде до разговори со нашите соседи за да видеме кое можеби е најдоброто решение – рече Сиљановска – Давкова.

Таа на средбата со Матарела повторно ги реафирмирала нашите заложби за гаранции, бидејќи како што наведе „ако биде уште една од промените на кои укажува ЕУ, тогаш не само што нема ништо да добиеме ние, туку нема ништо да добие ни Балканот, бидејќи приказната за ветото и за билатерализацијата на евроинтеграцијата ќе се повтори“.

И папата и претседателот на Италија велат дека биле и остануваат наши пријатели и дека на тој пат нема да ги заборават ниту принципите на ЕУ на кој јас повторно потсетив бидејќи ЕУ без принципи и вредности не може да биде филозофија, не може да биде престижна и инспиративна заедница, но исто така и на потребата да седнеме културно со соседите во случајов со Бугарија и да го решиме проблемот – изјави Сиљановска Давкова.

Претседателката претходно денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, имаше аудиенција кај папата Лав.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иван Џолев, претседателот на Кривичен суд избран за судија во Апелациониот суд Скопје
Следна Статија Освен двајцата заразени, нема нови суспектни случаи на мајмунски сипаници, велат од ИЈЗ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Агелер: Гласав и како и сите вие очекувам да видам кој ќе победи на Претседателските избори во САД

Гласав на денешните Претседателски избори во САД и како и сите Вие очекувам да видам кој ќе победи што значи…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Почнува со работа Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Битола

Во Основното јавно обвинителство во Битола денеска ќе биде пуштен во функција Истражен центар. Како што соопштија од Државното јавно…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ денес го продолжи маршот од Зубовце, Тумчевиште и Гостивар

Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ денес го продолжи коњичкиот марш од Зубовце, Тумчевиште и Гостивар по патеките…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

УЈП го казнила „Пулс“ во декември

На 16 март така наречената дискотека „Пулс“ на Бел Рид во Кочани однесе 59 млади животи и остави зад себе…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?