Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мафијата вмешана во водење на италијански клуб, сега е под судска управа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Мафијата вмешана во водење на италијански клуб, сега е под судска управа
СПОРТ

Мафијата вмешана во водење на италијански клуб, сега е под судска управа

Објавено October 22, 2025 08:51
Сподели
Сподели

Италијанскиот второлигашки фудбалски клуб Јуве Стабија, кој потекнува од Кастеламаре ди Стабија во близина на Неапол, е под судска администрација поради можна вмешаност на мафијата во неговиот бизнис, објавија италијанските обвинители и полицијата.

Неаполската мафијашка организација Камора ги има своите корени токму во Кастеламаре ди Стабија, а канцеларијата на италијанскиот обвинител објави дека обемната истрага „открила систем сличен на мафијата во економските активности на клубот“.

Сегашната сопственичка структура на клубот „наследила долгорочни економски врски кои биле предмет на влијание на мафијата од самиот почеток и не вовеле соодветни механизми за контрола и заштита како одговор“.

Компанијата Брера Холдингс, со седиште во Ирска, купи 52 проценти од клубот во јуни оваа година.

Обвинителството тврди дека Камора ја контролирала продажбата на билети, испораката на храна, перењето облека и обувки, медицинската грижа за играчите, па дури и ги имала под контрола патните трошоци на првиот тим.

„Играчите само мораа да играат, Камора се погрижи за сè друго“, рече неаполскиот обвинител Никола Гратери.

Задачата на судската администрација затоа ќе биде да ја врати легалноста и транспарентноста на раководството и да го врати клубот во состојба на независност од мешањето на мафијата.

Минатиот месец, судска администрација беше воведена и во третолигашкиот клуб Кротоне од јужниот регион Калабрија, исто така поради сомневања дека е инфилтриран од организиран криминал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лувр ја процени вредноста на украдените експонати на 88 милиони евра
Следна Статија Мицкоски на средба со кралот Чарлс: Признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Членовите на Управниот одбор бараат итна седница на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија ја извести јавноста дека во текот на денот пристигнаа дописи до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини…

October 31, 2024
СПОРТ

Дресот на Дерик Роуз во Чикаго се повлекува од употреба

Некогашниот кошаркар на Чикаго Булс Дерик Роуз, воедно МВП на НБА лигата, ќе се приклучи на елитната група играчи чии…

January 5, 2025
СПОРТ

Дали Гатузо ќе го исполни ветувањето и ќе се исели од Италија?

- Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, го коментираше поразот од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското…

April 1, 2026
СПОРТ

Противник по мерка за Алкалоид во ЕХФ купот

Ракометарите предводени од тренерот Кирил Лазаров првиот натпревар треба да го играат на гости на 22/23 март, реваншот во Скопје…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?