Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мајката на Артан Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мајката на Артан Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем
МАКЕДОНИЈА

Мајката на Артан Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Објавено June 7, 2025 15:51
Сподели
Сподели

Зухра Груби, мајката на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој со месеци е во бегство и се наоѓа на меѓународна потерница, денес се огласи на неговиот роденден со јавно обраќање на Фејсбук. Таа сподели емотивна честитка, полна со гордост и поддршка за својот син, наведувајќи дека неговото отсуство денес е „позабележително од присуството на сите други заедно“.

„Се зборува за твоите дела затоа што ги прават сите горди и ги потсетуваат на годините кога Албанците се чувствуваа претставени и господари во својата земја“, напиша таа, притоа упатувајќи критика кон, како што вели, оние што не успеале да направат што и тој и сега се обидуваат да го уништат неговото наследство.

Зухра Груби го нарече неговото гонење „политичка одмазда и прогон, како во времето на комунизмот“ и изрази надеж дека „вистината ќе победи по Божја волја“.

Артан Груби се наоѓа во бегство од декември 2024 година, кога, според официјалните информации, ја напуштил земјата под изговор на „приватна посета“. Подоцна, по отворањето истрага за малверзации поврзани со работењето на АД Државна лотарија, Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница. Иако Обвинителството сè уште официјално не соопштило каде се наоѓа Груби, неофицијално се верува дека тој се крие во Албанија, под заштита на бизнисмен близок до политички кругови.

Ова е првпат Артан Груби или некој од неговото потесно семејство да се огласи јавно по неговото исчезнување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Загина девојка: Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово
Следна Статија Земјотрес во Грција – почувствуван и во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по победата на Трамп очекува уште поголемо зајакнување на исклучително добрите односи со САД

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште поголемо зајакнување на, како што посочи исклучително добрите односи меѓу македонските граѓани и граѓаните на…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Целосно обновен подот каде вежба балетскиот ансамбл на Националната опера и балет

Го обновивме целосно подот каде вежба балетот, кој е по наjвисоки светски стандарди и има соодветна амортизација за избегнување на…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Нема трајно вработување за образовните асистенти

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека барањето на родителите на деца со атипичен развој за трајно вработување на образовните асистенти…

July 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието го донесе Законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

Собранието попладнево во рамки на 52. седница го донесе Закот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија…

May 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?