Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен
ХРОНИКА

МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

Објавено September 27, 2025 19:57
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформации објавени денеска од страна на една политичка партија дека наводно бил вршен притисок за како што велат случајот да биде забошотен во кој на 25.09.2025 едно лице беше лишено од слобода поради безобзирно возење.

Вистината е дека Министерството за внатрешни работи вчера (26.09.2025) објави за случајот и објавата ви ја пренесуваме во целост:

На 25.09.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода Н.Т.(27) од Пробиштип. При сообраќајна контрола со радар на експресен пат Кочани – Штип, констатирано е дека тој управувал патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки со брзина од 185 километри на час на место каде што дозволената брзина е 110 километри на час.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи и во иднина со неселективно спроведување на законите и секој што го прекршува законот ќе одговара. Законот и правилата важат еднакво за сите граѓани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПИШИ- БРИШИ ПОЛИТИЧАР: Жерновски обвини дека Сиљановска се фотографирала со „восочни фигури на Трамп и Меланија“, па се премисли
Следна Статија Ултиматум од „Маршот за ангелите“: Од 3 октомври нема веќе маршеви, туку блокади и протести

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Полицајци и пожарникари го пребаруваа теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Полициски службеници и пожарникари попладнево го пребаруваат теренот околу кејот на Зрновска река каде во местото викано Ѓошевски во кочанското…

March 21, 2026
ХРОНИКА

Два месеца е исчезнат Миле Тодоров, неговите блиски со апел

Да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров, млад жител на Неготино, кој исчезна пред точно два месеца, бараат…

March 30, 2025
ХРОНИКА

Двајца осуденици бегале од полиција со „ренџ ровер“, полицајците испукале предупредувачки куршуми, „роверот“ излетал од патот

Лишени од слобода се двајца осуденици, кои се обиделе да избегаат од полициска патрола, па излетале од патот, соопшти МВР.…

October 7, 2025
ХРОНИКА

Родителот кој доби 11 месеци затвор за напад на двајца 15 годишни фудбалери ќе се жали на одлуката

Бранителот, Асмир Алиспахиќ на родителот кој денеска доби казна затвор од 11 месеци, бидејќи на 24 август на стадионот „Бело…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?