Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово
МАКЕДОНИЈА

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово

Објавено January 25, 2026 11:11
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи во рамки на проектот „Безбеден град“ денеска ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.

Како што се наведува во известувањето од МВР, активностите се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае кратко, приближно од 15 до 30 минути.

Од МВР информираат дека за време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта додека трае постапката, по што ќе продолжи да се одвива нормално.

Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности#, се наведува во соопштението.

Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски вчера истакна дека возењето во главниот град е значително смирено по тест‑периодот на системот „Безбеден град“. Тој истакна дека граѓаните веднаш го намалиле бројот на прекршоците со воведувањето на опомените, а новиот систем ќе регистрира четири клучни прекршоци кои најмногу ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот: брзо возење, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и неправилно паркирање.

Преку опомените народот многу брзо изреагира во тест-периодот. Беше известен, знаеше што претстои и веднаш го смири своето возење, го смири начинот на возење. Со тоа покажавме дека можеме да бидеме исто како Германците, Австријците, како сите други земји што го имаат тоа инкорпорирано во својот систем – и ние да го почитуваме#, изјави Топаловски во подкастот „Радар“ со Сотир Костов.

Тој нагласи дека реакцијата била толку брза што бројот на прекршоци се намалил за повеќе од три пати.

На почеток имавме преку 110 илјади прекршоци. Нема систем и институција што може да го обработи тоа. Но народот – за два дена – го спушти бројот на 30 илјади. Толку е нашиот паметен народ. На самата опомена, на самиот тест, го намали нивото на брзо возење“, вели Топаловски.

Тој додаде дека остануваат и другите сообраќајни прекршоци за кои и досега се казнувало, како неносење сигурносен појас или користење мобилен телефон при возење, но преку „Безбеден град“ ќе се регистрираат само четирите приоритетни категории.

По донесувањето на Законот за прекршоци во Собранието, позната е и сумата на глобите што граѓаните ќе ги плаќаат доколку кои не ги почитуваат сообраќајните правила.

За санкционирање на пречекорувањето на дозволената брзина, глобата ќе зависи од тоа колку километри на час над дозволената брзина некој вози. За пречекорување до 20 километри на час, глобата е 20 евра. за 20 до 30 километри на час над дозволената брзина според законското решение е предвидено да плати 45 евра глоба. За пречекорување на дозволената брзина од 30 до 50 километри на час казната е 300 евра и забрана да управува со возило од 3 до 12 месеци. За пречекорување над 50 километри на час глобата е 400 евра, 4 казнени поени и забрана за управување со моторно возило од најмалку една година. Во населено место, казните се построги и може да достигнат и 500 евра, со задолжителна забрана за управување.

За сообраќајниот прекршок минување на црвено светло, системот автоматски ќе изрекува глоба од 250 евра и забрана за управување со моторно возило од три до 12 месеци. Кривична одговорност е предвидена ако прекршокот предизвика опасност или сообраќајна незгода.

Ако се управува возило со истечена сообраќајна дозвола казната е 100 евра за возачот, а сопственикот на возилото ќе плати 250 евра.

За непрописно паркирање или запирање на забрането место предвидена е казна од 30 евра за стандардни прекршоци, 45 евра ако возилото го попречува сообраќајот и 50 евра ако е паркирано на место за лица со попреченост.

Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот. После овој рок мора да се платат 100 проценти од износот со можност за присилна наплата. Возач кој ќе добие три забрани за управување на моторно возило во рок од четири години, автоматски ја губи возачката дозвола. Повторно полагање е можно најрано после една година.

Собранието во петокот со 81 глас „за“, 19 „против“ и без воздржани го изгласа Законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова, се отвори патот од 1 февруари да стартува системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“, насочен кон превенција, зголемена безбедност во сообраќајот и заштита на човечките животи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ветеран на индустријата Хидеки Коно наводно го напушти Нинтендо по четири децении
Следна Статија Масивен пробив на податоци открива 149 милиони сметки низ Facebook, Gmail и други

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Со ниту еден странски дипломат не сум разговарал за какво било прифаќање мигранти

Опозицијата верува во нејзината приказна – стопати повторена лага станува вистина, но не станува, вели министерот за внатрешни работи Панче…

December 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Директор на училиште избркал од работа Наставник по физичко оти мислел дека е од СДСМ и го заменил со наставничка по македонски

Наставник по физичко воспитување кој работел 5 години во едно основно училиште, останал без работа, иако исполнувал услови и имал…

September 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Борис Трајковски ќе остане запаметен по својата посветеност, смиреност и решителност во најтешките моменти за државата

Борис Трајковски ќе остане запаметен по својата посветеност, смиреност и решителност во најтешките моменти за државата. Неговите заложби за мир,…

February 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

УО на ЈП „Комунална хигиена“: Четири години ги изгласавме сите планови и програми, но нивната реализација е обврска на директорите

Управен одбор на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во соопштение до медиумите информира за крајно алармантните случувања што доведоа ова Јавно претпријатие…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?