Министерството за внатрешни работи размислува за порестриктивни мерки за електричните тротинети. Министерот Панче Тошковски денеска најави законски измени во иднина, но без конкретни детали.
– Не можам сега да навлегувам во детали дали ќе станува збор за ограничување до 18 или до 16 години, дали ќе одиме со забрани или со порегулиран систем, но во секој случај, јасно е дека на ова поле се потребни законски измени со цел зголемување на безбедноста поврзана со овој тип превозни средства, изјави Тошковски.
Од државите во регионот, Грција по серијата несреќи најави забрани за тротинети за малолетници и построги контроли.
