Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДКСК повикува на транспарентност при донесување на измените на Законот за јавни набавки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДКСК повикува на транспарентност при донесување на измените на Законот за јавни набавки
МАКЕДОНИЈА

ДКСК повикува на транспарентност при донесување на измените на Законот за јавни набавки

Објавено December 12, 2024 19:21
Сподели
Сподели

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) изразува сериозна загриженост поради предложените измени и дополнувања на Законот за јавните набавки, кои, како што наведуваат, се носат по скратена постапка и без широка јавна расправа, експертска дебата и сеопфатна анализа на нивните последици.

„Јавните набавки се една од клучните хоризонтални области во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2021-2025 година), и затоа секоја измена на законската рамка мора да биде предмет на внимателна и транспарентна проценка. Особено загрижува фактот што во предложените измени се предвидува промена на составот на Државната комисија за жалби по јавни набавки, во исклучително краток рок од 15 дена, што отвора дополнителни прашања за транспарентноста и оправданоста на ваквите измени. Со оглед на системската важност на Законот за јавните набавки и ризиците од корупција што произлегуваат од јавните набавки, Државната комисија за спречување на корупцијата отпочна со спроведување на антикорупциска проверка на предложените измени и дополнувања на Законот. Оваа проверка е дел од заложбите за навремено утврдување и ублажување на ризиците од корупција и судир на интереси во законодавството, што е од суштинско значење за заштита на јавниот интерес“, се посочува во соопштението од ДКСК.

Државната комисија истакнува дека ваквите проверки се ефикасни доколку се извршуваат навремено, во фаза на подготовка на законите, а не откако тие ќе бидат донесени. ДКСК ги повикува сите надлежни институции да се вклучат во процесот на следење на овој случај со цел да се обезбеди почитување на законитоста, транспарентноста и правичноста во носењето одлуки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илон Маск: Канадскиот премиер Џастин Трудо е неподнослива будала!
Следна Статија Ѓорѓиевски: Минималната глоба за создавачите на диви депонии да биде од четири до шест илјади евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата ќе набавува 120 еколошки автобуси, 80 за Скопје

Владата најавува инвестиција во еколошки превоз.  Владата ќе набави 120 еколошки автобуси за јавен превоз, од кои 80 ќе бидат…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во вторник ССМ излегува на протести

Задутре членството на Сојузот на синдикати на Македонија излегува на протест. Зголемување на минималецот без согласност од Економско социјалниот совет…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Треба да се купи нов владин авион

Ако сакаме да бидеме сериозна држава, треба да имаме соодветен авион што ќе одговара на потребите на државниот врв и…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?