Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР: Расчистено убиството во Старата скопска чаршија, лишен од слобода осомничениот во Косово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР: Расчистено убиството во Старата скопска чаршија, лишен од слобода осомничениот во Косово
ХРОНИКА

МВР: Расчистено убиството во Старата скопска чаршија, лишен од слобода осомничениот во Косово

Објавено January 2, 2026 13:41
Сподели
Сподели

Осомничениот за убиството на 22-годишниот турски државјанин Ахмет Мерт Доган пред угостителски објект во Старата скопска чаршија за време на новогодишната ноќ е уапсен во Косово и е почната постапка за негова екстрадиција.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека врз основа на обезбедени докази, денеска поднело кривична пријава против М.Т. (25) од Република Турција со престојувалиште во Тетово осомничен за две кривични дела – „убиство“ и „убиство во обид“.

Тој е осомничен дека, во расправија, со нож го убил А.М.Д. и го повредил и сонародникот Ч.Е. (23) и потоа избегал. Убиениот бил со престојувалиште во Скопје, а повредениот бил жител на германскиот град Есен.

Настанот е расчистен со докази обезбедени од Единицата за насилен криминал, Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, врз основа на наредби од јавен обвинител.

-М.Т. на критичната ноќ во кафе-бар во чаршијата започнал расправија со А.М.Д. и Ч.Е., по што двајцата оштетени заедно со други лица заминале кон плоштадот. Меѓутоа, бидејќи не успеале да најдат такси, повторно се вратиле кон чаршијата и поминале во близина на истиот кафе-бар. При повторна средба со осомничениот, расправијата продолжила, а М.Т. извадил нож со кој му нанел четири удари во градниот кош и срцето на оштетениот А.М.Д., кој починал на лице место. Со еден удар му нанел телесна повреда – убодна рана во грбот и на Ч.Е., со намера и него да го лиши од живот, по што побегнал од местото на настанот, соопштија МВР и државното Јавно обвинителство.

Вчера јавен обвинител наредил обдукција на починатиот, биле подигнати траги за вештачење, извршени разговори со повеќе лица и обезбедени снимки од видеонадзорот со што бил идентификуван осомничениот.

По преземени оперативно-тактички мерки од страна на органите на прогонот, биле добиени сознанија дека осомничениот М.Т. се наоѓа во Косово, каде што од косовските власти е лишен од слобода.

Основното јавно обвинителство Скопје наредило да се спроведе истражна постапка против турскиот државјанин осомничен за двете кривични дела.

-Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор во отсуство врз основа на кој веднаш ќе биде иницирана постапка за екстрадиција, соопшти државното Обвинителство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кина воведе данок на кондоми и контрацептивни таблети во обид да го зголеми наталитетот
Следна Статија Мицкоски: Без квалитетни образование и наука не можеме да јакнеме како нација и држава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Сопругот на Ивана ќе одговара за тешко насилство и наведување на самоубиство

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка и предложи мерка притвор за едно лице за кое постои…

March 7, 2026
ХРОНИКА

Напад во Пробиштип: Маж со нож се нафрлил на полицаец по семејна пресметка

Семејна расправија прерасна во напад врз полиција Во раните утрински часови, Пробиштип беше потресен од сериозен инцидент. Семејна пресметка и…

April 21, 2025
ХРОНИКА

Од Тик-Ток игра “Супермен челинџ“ тинејџер од Скопје заврши во болница

Супермен челинџ“ е „играта“ поради која вчера средношколец во средното училиште „Михајло Пупин“ заврши во болница. Предизвикот кој е популарен…

December 5, 2024
ХРОНИКА

Работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци

Работник од Кина бил удрен од кран во фабрика во Кавадарци што починал. - На 10.09.2025 во 12:10 часот во…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?