Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР ќе го истражува осветувањето на полициските возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР ќе го истражува осветувањето на полициските возила
МАКЕДОНИЈА

МВР ќе го истражува осветувањето на полициските возила

Објавено January 7, 2026 16:26
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема активности за целосно утврдување на околностите поврзани со фотографиите на кои се гледа верски обред врз службени полициски возила во кругот на Министерството.

„Во однос на објавените фотографии, МВР ве известува дека се преземаат соодветни мерки и активности, по што јавноста ќе биде соодветно информирана“, наведуваат од Министерството.

Фотографиите, кои се проширија на социјалните мрежи, предизвикаа бурни реакции. На нив се гледа свештеник кој врши верски обред и осветување на службени возила, додека присутни се и полициски службеници.

Дел од граѓаните го оправдуваат чинот, истакнувајќи дека во православната традиција постои молитва за осветување на возила, додека други реагираат дека ваквата практика е спротивна на принципот на секуларност и дека државните институции мора да останат верски неутрални.

Дебатата го отвори прашањето за границата меѓу верските обичаи и функционирањето на јавните институции, како и потребата од јасни правила и одговорност во јавниот простор.

Од МВР најавуваат дека по завршување на истрагата, јавноста ќе биде дополнително информирана.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Се потврдуваат тезите дека Бугарите сакаат комплетно редефинирање на македонскиот идентитет
Следна Статија УХМР предупредува: Не шетајте преблиску до Охридското Езеро, има високи бранови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Над 15 000 средношколци утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Над 15 000 ученици во завршна година од средното образование утре ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, осомничени повеќе од 20 лица (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти нови детали во врска со пожарот во кочанската дискотека. Toшковски рече дека осомничени…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски од Минхен: Историски најголем буџет за модернизација во одбраната, набргу нè очекуваат и многу нови договори

Историски најголем буџет издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години. Благодарност до пратениците и до секој еден…

February 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Неплатена казна – забранет влез во Македонија, ниту странските возила не се изоставени од системот „Безбеден град

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска го објасни новиот модел за санкционирање на возила со странски регистарски таблички кои…

December 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?