Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Се потврдуваат тезите дека Бугарите сакаат комплетно редефинирање на македонскиот идентитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Се потврдуваат тезите дека Бугарите сакаат комплетно редефинирање на македонскиот идентитет
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се потврдуваат тезите дека Бугарите сакаат комплетно редефинирање на македонскиот идентитет

Објавено January 7, 2026 14:29
Сподели
Сподели

Се потврдуваат тезите дека барањето Бугарите да бидат во Уставот не е единственото барање што тие го имаат, туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по божикната литургија во Соборниот храм во Скопје одговарајќи на новинарско прашање.

Мене тоа не ме чуди, не знам дали тоа некого го чуди во државава. Само ги потврдуваат оние тези кои што ги имавме од првиот момент дека не е Бугари во Устав единственото барање туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет. Но ова се денови кога треба да простуваме, да се обединуваме, да се сплотуваме и како народ и како нација и мислам дека конечно како народ ќе сватиме без разлика дали сме во власта или во опозицијата дека за некои прашања едноставно треба да бидеме заедно, изјави премиерот Мицкоски.

Изрази жалење, што, како што кажа, претходната Влада на еден таков начин „влезе во оваа авантура и го заглави евроинтегративниот процес на државата“.Апелираше до опозицијата да ги напушти тезите што ги пласира во јавноста во однос на евроинтеграциите и да застане во одбрана на македонските национални интереси.

Жалам што ја прифати капитулацијата или ултиматумот тогаш од страна на нашиот источен сосед, наместо да не послуша и тогаш. Но, еве повторно апелирам до опозицијата, подадена е раката, исправена е раката да ги напуштат тие нивни тези кои ги слушаме во јавноста и да застанат конечно во одбрана на македонските национални интереси. Ова е таков ден, рече премиерот Мицкоски.

Бугарија пред неколку дена не го прифати Предлог – Акцискиот план за малцинствата бидејќи, како што беше соопштено, бил напишан на македонски јазик. Акцискиот план за унапредување на правата на малцинствата, кој е во работна верзија, е изработен во согласност со став 35 од преговарачката рамка за земјава, усвоена од Советот на Европската Унија на 18 јули 2022 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД разгледуваат повеќе опции за заземање на Гренланд, вклучително и употреба на војска – соопшти Белата куќа
Следна Статија МВР ќе го истражува осветувањето на полициските возила

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дурмиши: Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд

Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд и нема да има никакви пречки за исплата во…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик

Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?