Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мемов: ЗНАМ се многу блиску до договор со ВМРО-ДПМНЕ за заемна соработка и поддршка во Куманово и Центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мемов: ЗНАМ се многу блиску до договор со ВМРО-ДПМНЕ за заемна соработка и поддршка во Куманово и Центар
ПОЛИТИКА

Мемов: ЗНАМ се многу блиску до договор со ВМРО-ДПМНЕ за заемна соработка и поддршка во Куманово и Центар

Објавено August 24, 2025 13:14
Сподели
Сподели

Движењето ЗНАМ е многу блиску до договор со ВМРО-ДПМНЕ за заемна соработка и поддршка во општините Куманово и Центар, ијави денеска на прес-конференција портпаролот на партијата Никола Мемов.

Тој додаде и дека се преговара и се прават проценки за заемна поддршка и за некои други помали општини низ целата држава.

Претходно, на прес-конференцијата Мемов на денешната пре-конференција го обвини политичарот Мартин Костоски за лажен патриотизам и непотизам.

Овој човек ја започнува својата кариера со седење во кабинетот на побратимот Зоран Давидовски – Циц, градоначалник на Куманово. Костовски преку ноќ станува пратеник во Собранието на Република Македонија, а потоа и директор на Јавното претпријатие Службен весник. Наместо да го почитува Уставот, тој стана алатка за негово уривање.Истовремено, Костовски објави Закон за употреба на јазиците без потпис на Претседателот на државата, што претставува директно кршење на Уставот и тешко кривично дело – злосторничко здружување и напад врз уставниот поредок на државата. Истиот човек ја легализираше капитулацијата на Македонија преку објавување на таканаречениот Преспански договор повторно, без потпис на Претседателот, спротивно на законот. Овој е лажен патриот – гласен само кога треба да се продадат националните интереси, молчи кога треба да се зборува за криминал, сиромаштија, невработеност и понижување на македонскиот народ, рече Мемов.

Додаде дека Костоски немал ниту визија ниту пак некаков успех, но дека имал цела армија на вработени роднини и пријатели, платени од народните пари.

Ова не е политика. Ова е кариера на еден политички паразитизам. Само штета, само лаги, само штитење на своето семејство и политичко гнездо. Дозволете да ви ја претставам фамилијарната шема на Костовски: мајка – вработена во Јавното претпријатие „Пазари“; тетка – вработена во Министерството за одбрана, каде во кратко време ја дочека пензијата; сопруга – вработена во Општина Куманово, а потоа префрлена во Министерството за надворешни работи. Кумашини, кумови, пријатели – низ државни институции и јавни претпријатија. Ниту сите државни институции и јавни претпријатија, ниту кумот – советникот, жената на кумот – двоградинка, другарите, професорите и директорите, сопругите, тетките и браќата – сите згрижени преку преговори. Цела фамилија на грбот на народот. Ова беше владеење на самиот Куманово во минатото, приватна мафија на буџетски платен список, рече Мемов.

Мемов посочи дека македонскиот народ не заслужувал ликови како Мартин Костовски.

Судбината на овие локални избори ќе донесе политички крах во Куманово. На претстојните избори нема спас за нив со сликање и празни флоскули. Кумановци ќе возвратат со казна – уште помасовна, уште потешка. Куманово повторно ќе го порази овој криминален картел. На претстојните локални избори, СДСМ нема да биде казнет, туку ќе биде избришам од олитичката мапа. Ќе биде избришан од политичката мапа на Куманово. Затоа што народот памети, народот гледа, и овој пат народот ќе зборува преку гласачкото ливче, подвлече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Инфлацијата на кандидати може да ги поскапи изборите
Следна Статија Вучиќ: Намалување на трговските маржи за околу 3.000 производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Секој твој глас, секоја твоја борба, секој твој ден е дел од големата приказна што ја пишуваме заедно

Писмо за тебе и за нашиот заеднички избор!, објави на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Драги мои,…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

Никола Мемов од ЗНАМ е новиот директор на ПИОМ

На денашната владина седница, портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов е именуван за нов директор на Фондот за пензиско и инвалидско…

September 24, 2024
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Фрчковски: 51 тендер и 16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба, нов скандал за сомнителни тендери. Преку дигиталната платформа МИЦКО.мк до АКТ граѓани…

January 12, 2026
ПОЛИТИКА

Ангелов: Посегнувањето по темата за бранителите во овој момент, ќе биде во корист на криминогените структури во ДУИ

Во „Вести Плус на Канал 5 гостуваше Стојанче Ангелов, директор на ДЗС , а воедно и претеседател на политичката партија…

August 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?