Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити: Владата има стабилно мнозинство, и без Таравари имаме 13-14 пратеници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Меџити: Владата има стабилно мнозинство, и без Таравари имаме 13-14 пратеници
ПОЛИТИКА

Меџити: Владата има стабилно мнозинство, и без Таравари имаме 13-14 пратеници

Објавено May 16, 2025 11:16
Сподели
Сподели

Во моментов Владата има стабилно мнозинство и веќе има ист број пратеници и по заминувањето на Таравари. И во албанскиот дел има легитимитет и ист број, и без Таравари имаме 13-14 пратеници, изјави претпладнево првиот вицепремиер Изет Меџити и соопшти дека се преговара со пратеници од Европскиот фронт „кои се опозиција и можеби ќе преминат од другата страна“.

На новинарско прашање дали тие ќе дејствуваат како дел од пратеничката група на Вреди, Меџити одговори дека дел се од мнозинството и од Европскиот фронт и, рече, „ќе бидат поддршка за Владата“.

Соопшти дека деновиве се „во преговори за повеќе политички опции“ за ресорот здравство по заминувањето на Арбен Таравари „и врз основа на тоа“ ќе  дадат нов предлог за министер.

На прашање дали за опциите ќе се разговара само во рамки на Вреди или со премиерот Христијан Мицкоски, Меџити одговори – „мислам и на други поединци, групи, политички субјекти кои се надвор од Влен – во рамки на Европскиот фронт, кои се опозиција и можеби ќе преминат од другата страна“.

Не прецизираше дали тоа значи дека преговараат со Зијадин Села, лидер на крило на Алијанса за Албанците која е дел од Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Со повеќе преговараме и ќе ве известивме кога ќе има конкретни резултати, сигурно следната недела, изјави Меџити одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на конференцијата „Унапредување на зелената инфраструктура во Западен Балкан“.

На прашање дали Владата има легитимитет кај Албанците по излегувањето на Арбен Таравари,  одговори дека Вреди се повикува на „апсолутната победа на 107 илјади гласови“.

И ниеден од чинителите внатре во Влен не може да каже дека ги има тие 107 илјади гласови в џеб. Затоа што има гласови и опозициски настроени кои излегоа да гласаат за промена и надеж. Премина од другата страна Таравари, но не и целиот политички субјект. Деновиве гледате дека има тензии, има различни размислувања, се отповикуваат видни членови на Алијанса за Албанците и мислам дека грото од членството на Алијанса за Албанците ќе остане во рамките на Влен бидејќи тие придонеле за победата и за овие промени и нема да дозволат заради лични побуди и лични интереси да се враќаат кај Демократската унија за интеграција, истакна Меџити. 

За тоа дали вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кадар од партијата на Таравари, ќе остане на функцијата, со оглед дека се уште не најавил оставка, Меџити одговори „добро ја тера работата, успешно придонесува за промените и се надевам дека ќе продолжи“. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Банките во Македонија треба да се подготват за интегрирање во СЕПА од октомври
Следна Статија Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски за средба со Ахмети: Ќе има средба… некогаш

Премиерот Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ќе има тет-а-тет средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети која беше договорена…

January 28, 2026
ПОЛИТИКА

Ердоган доаѓа во Македонија!?

Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција и еден од највлијателните политичари во регионот доаѓа во Македонија , дознава Трендинг.мк. Според…

October 9, 2024
ПОЛИТИКА

Меџити вети два нови булевари во Чаир

Во рамките на ангажманите за еден модерен и функционален Чаир, кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на владејачката…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Судството и обвинителството се сегменти коишто се последните бастиони во одбрана на владата на СДСМ и ДУИ, но ќе има реформи и во оваа област

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Сопиште, во рамки на изборната…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?