Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити: Нема преговори за промена на химната и грбот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Меџити: Нема преговори за промена на химната и грбот
ПОЛИТИКА

Меџити: Нема преговори за промена на химната и грбот

Објавено February 20, 2025 12:02
Сподели
Сподели

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека не се водат преговори во однос на химната и грбот, но и дека нема ни табу теми, и се разговара за се што е во интерес на граѓаните и државата.

-Во фокус ни е владината програма каде што има утврдени столбови, нема преговори во однос на химната, грбот, но нема ни табу теми, значи разговараме. Политички договор има за Владината програма која што има утврдени столбови како што се економскиот развој, живиотниот стандард, ЕУ-интеграцијата, враќање на правната држава, децентрализацијата, се секојдневно во нашиот фокус и целосно сме посветени на овие столбови. За другото нема преговарање, нема политички договор, но како Влада се што е во интерес на граѓаните и државата, разговараме, дебатираме, про и контра, тоа е на ниво на разговори, нема табу теми…Не сакам да навлегувам во нешто за што нема преговори, нема политички договор. Не криеме ништо, вели Меџити.  

На прашањето дали има проблеми во коалицијата по однос на прашањето околу грбот и химната поради различни ставови на партнерите во власта, тој рече дека има една Влада, но не се едно и оти Владата има демократски и политичлки капацитет да изнајде решенија на маса на база на аргументи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Хамас предаде четири ковчези со тела: меѓу нив и телото на најмалиот заложник, неговиот брат и мајка му
Следна Статија Скопјанец со сатар и нож сакал да влезе во Кривичниот суд во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Тошковски: Граѓаните многу добро знаат кој дозволи бандити да се пресметуваат по улиците на Скопје

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски реагира на обвинувањата од СДСМ „100 дена Влада на Мицкоски а 300 скандали, најмногу…

October 6, 2024
ПОЛИТИКА

Тренчевска до Филков: Вашиот магистерски труд ви беше поважен од реформите во правосудството

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за правда, Игор Филков, да…

November 18, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ бара да се прошири истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија прашува до каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници. Опозициската партија…

March 29, 2025
ПОЛИТИКА

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште четири нови кандидати за градоначалници

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште четири нови кандидати за градоначалници, ве вели во соопштението од СДСМ. Со одлука на…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?