Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Граѓаните многу добро знаат кој дозволи бандити да се пресметуваат по улиците на Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Тошковски: Граѓаните многу добро знаат кој дозволи бандити да се пресметуваат по улиците на Скопје
ПОЛИТИКА

Тошковски: Граѓаните многу добро знаат кој дозволи бандити да се пресметуваат по улиците на Скопје

Објавено October 6, 2024 14:33
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски реагира на обвинувањата од СДСМ „100 дена Влада на Мицкоски а 300 скандали, најмногу од нив поврзани со работата на МВР и министерот Тошковски“. Вели разочаран е од некрофилските обиди на СДСМ за манипулација на народот со обвинување за наводната неспособност на МВР во овие 100 дена.

Сметам дека истите се само очаен обид да го свртат вниманието од седумгодишниот хаос и уништувањето на безбедносниот систем што тие го оставија зад себе. Тврдењето дека за време на моето раководење со МВР е расчистен само еден случај е целосно лажно и манипулативно, со цел да се дезинформираат граѓаните. Според официјалните бројки на МВР, во 2023 година имало 23 убиства од кои 2 нерасветлени, додека во 2024 година до месец октомври има 16 убиства, од кои исто така само 2 се нерасветлени. Овие податоци покажуваат дека ситуацијата не само што не е влошена, туку е и подобрена од аспект на намалување на бројот на убиства.

Но, сите знаеме каков хаос се случуваше во изминатите 7 години каде скандалите се редеа еден по друг. Нивните владеачки структури дозволија криминалците да владеат на улиците, да пукаат во трговски центри, да тероризираат граѓани и да ја претворат полицијата во извршител на нивните интереси. Пукањата во “Ист Гејт”, каде криминалци пукаа сред бел ден, мафијашките убиства во “Шиша Бар” и Бутел, двојното убиства во Топанско Поле, бегствата на затвореници – сето тоа не се случи во овие 100 дена. Овие настани чии извршители ден денес се непознати, се резултат на долгогодишното уништување на системот, кој тие го претворија во механизам што им овозможуваше на криминалните структури да дејствуваат слободно. За време на нивната власт, која сега се осмелува да зборува за неспособност, пасоши се делеа на меѓународни криминалци – 215 нарко босови и лица со меѓународни потерници добија македонски документи и се движеа слободно низ Европа.

Граѓаните многу добро знаат кој дозволи бандити да се пресметуваат по улиците на Скопје и кој стоеше зад најголемите скандали со кражба на оружје од полициските депоа и организирани напади врз полициски службеници во станиците. Наместо да се справат со организираниот криминал, тие соработуваа со него, оставајќи ги институциите немоќни да ги заштитат граѓаните.

Да не заборавиме и дека токму во нивно време се случија корупциските афери како “Рекет”, каде највисоките државни функционери беа замешани во изнуда и злоупотреба на моќ.

Пукањата и убиствата што денес ги гледаме се наследство од нивното владеење, кое дозволи полицијата да биде контролирана од криминалци, додека народот беше оставен незаштитен.

Ние најавивме бескомпромисна борба со овие криминални структури, почнавме да го обновуваме системот и да ја враќаме контролата врз безбедноста и правдата, но не може веднаш да се реши она што беше систематски уништувано 7 години. Воведовме засилени мерки и акциски контроли, но за целосна победа над криминалот е потребна стратешка и долгорочна акција. Ова е процес што нема да се случи преку ноќ, но ние сме решени да ги вратиме безбедноста, правдата и редот во земјата, за разлика од нив, кои дозволија криминалците да го контролираат секој аспект од нашето општество – вели Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Божиновска: Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка, тоа никој не може да ми го оспори
Следна Статија Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје: По средбата со Мицкоски ќе потпишат Меморандум

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети побара предвремени парламентарни заедно со локалните избори

Предвремени парламентарни избори заедно со локалните побара лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети вечерва на централен настан…

June 6, 2025
ПОЛИТИКА

Поранешни функционери го поткопуваат СДСМ одвнатре, вели Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче, во интервју за „Независен“ вели дека поранешни функционери на партијата „стојат на страна и се надеваат…

January 8, 2025
ПОЛИТИКА

Локалната власт под контрола: Нов механизам за отповикување на градоначалници

Со законски измени нема да дозволиме градоначалници да хибренираат со години и ништо да не работат, а да бидат на…

December 5, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче победи на изборите за претседател на СДСМ, партијата бираше меѓу Венко и неважечко ливче

Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Партијата денеска спроведе директни внатрепартиски избори, на…

April 6, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?