Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка, тоа никој не може да ми го оспори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Божиновска: Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка, тоа никој не може да ми го оспори
ПОЛИТИКА

Божиновска: Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка, тоа никој не може да ми го оспори

Објавено October 6, 2024 14:15
Сподели
Сподели

Јас сум родена во Скопје, Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка. Тоа никој ниту може, ниту смее да го оспори, вели министерката за енергетика, Сања Божиновска.

-Сите други зајадливи коментари, чудни прашања и погрешно толкувани одговори ќе ги разберам и прифатам како цена на моето скромно и мало политичко искуство. Не се вратив дома за да се мешам во политички игри, се вратив да го вложам моето знаење и искуство во енергетиката како специфична и тешка проблематика. Секогаш мислев дека личните напади и конструкции не се добри во било кои меѓучовечки односи. Повторувањето на овие напади одговара на луѓе на кои им пречи активното занимавање на Владата со проблемите во областа која јас ја раководам. Им одговара заборав на се што направиле и слепило од државата за се што сакаат да направат, напиша таа на својот Фејсбук профил.

Повтори: „Македонка сум и не дозволувам тоа да ми биде спорено“.

Во продолжение следува нејзиниот Фејсбук статус:

Покрај македонското државјанство поседувам и чешко државјанство затоа што живеев и работев долги години во Чешка. Тоа е точната и прецизна вистина.

За мене најзначајно е да изградиме и почнеме да имплементираме долгорочна енергетска стратегија, а тоа значи:
– да ја прекинеме корупцијата во енергетскито систем;
– да ги откриеме сите оние кои во минатото се збогатија на грбот на скапите сметки платени од граѓаните;
– да расчистиме со огромниот долг од 60 милиони евра на државата кон снабдувачите, до сега пред граѓаните лажно претставуван како субвенција;
– да ги откриеме и прекинеме криминалите со набавките во електро-енергетските објекти, РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино и други;
– да ги прекинеме преплатените тендери за надворешни компании;
– да ги запреме чудните донации од МЕПСО и ЕСМ кон фитнес студија, спортски друштва и невладини организации;
– да обезбедиме силно, одржливо и евтино домашно производство на електрична енергија;
– да обезбедиме енергетска ефикасност и инвестиции во обновливи извори;
– да ја направиме електричната енергија конкурентна предност на домашното стопанство.

На сите кои им сметаат нашите стратешки планови за воведување на ред во оваа област им упатувам порака дека овие лични напади нема да ме поколебаат во мојата намера за воведување на ред во оваа област во која минатите години владееше хаос и комплетен криминал, напиша таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Блумберг“: Автомобилската индустрија во Европа „се лизга во бездна“
Следна Статија Тошковски: Граѓаните многу добро знаат кој дозволи бандити да се пресметуваат по улиците на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска соопшти дека секојдневно е предмет на јавен линч преку „груби лаги“, постојана црна кампања…

January 17, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Мицкоски сака свое судство

На трибина во општина Гази Баба, претседателот на СДСМ Венко Филипче ја обвини власта и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

Три пратенички места остануваат празни

На тројца пратеници од Собранието официјално им престана пратеничкиот мандат, откако беа избрани за градоначалници на Локалните избори 2025. Државната…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

Се апси менаџментот на гостиварскиот „Водовод“

Во тек е координирана акција на надлежните институции во врска со случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар,…

July 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?