Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити се сретна со американската амбасадорка Агелер: Соработка за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Меџити се сретна со американската амбасадорка Агелер: Соработка за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро
МАКЕДОНИЈА

Меџити се сретна со американската амбасадорка Агелер: Соработка за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро

Објавено September 11, 2025 17:22
Сподели
Сподели

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД во Македонија, г-ѓа Ангела Агелер.

За време на пријателската средба се дискутираше за техничка и научна соработка за заштита на Охридското Езеро, природно и културно богатство кое е заедничко за Македонија и Албанија.

Целта на соработката е подобрување на квалитетот на водата, управување со рибниот фонд и развој на одржлив езерски туризам.

Во текот на 2024 година, двајца американски експерти спроведоа теренски посети и двонеделни средби во регионот на Охрид за да ја оценат актуелната состојба. Извештајот од таа посета содржи неколку конкретни препораки, меѓу кои: зајакнување на капацитетите на Хидробиолошкиот институт преку модернизација и поддршка на научниот кадар, создавање национална долгорочна програма за лимнолошки мониторинг и рибниот фонд, развој на заеднички прекуграничен план за управување со инкубаторите и заштита на охридската пастрмка, воспоставување механизми за рано откривање на инвазивни видови, како и развој на истражувачка програма за одржлив туризам и зајакнување на улогата на граѓанските организации.

Во рамки на денешниот состанок учествуваше и проф. Џејсон Стоквел, директор на Научната лабораторија за животна средина и природни ресурси при државниот универзитет во Вермонт, САД кој во наредните денови ќе престојува во Охрид по што ќе ги престави своите идеи за понатамошна соработка со Хидробиолошкиот институт – Охрид и другите релевантни иституции во земјата.

Меџити и Агелер се согласија дека заштитата на Охридското Езеро претставува национален и прекуграничен приоритет, а соработката со САД и меѓународните партнери ќе донесе неопходна експертиза за зачувување на ова уникатно природно и културно наследство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фетаи го тужи за клевета членот на ДУИ, Ќамил Ковачи
Следна Статија Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

До 30.000 евра грант за бизнис и 250 евра ваучер за електронски уред за сите студенти, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ и Владата го исполнуваат ветеното. ВМРО-ДПМНЕ и Владата покажаа кој е на високо место на листата на приоритети. Досега…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Харис вети поддршка за македонските идентитет и јазик, Трамп најави економска соработка и безбедност

Доколку биде избрана за претседател на САД, потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кажа дека ќе ги штити правата на…

November 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Стартува операцијата за искоренување на коцкарската мафија

Првиот вицепремиер и Министерстер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес одржа прес-конференција. „Казино индустријата, која подолго време…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почина македонската писателка Оливера Николова

На 88-годишна возраст почина Оливера Николова, македонска писателка за возрасни и за деца, една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски…

November 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?