Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МЗТ води 1-0 во финалето против Маџари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > МЗТ води 1-0 во финалето против Маџари
СПОРТ

МЗТ води 1-0 во финалето против Маџари

Објавено May 18, 2026 08:08
Сподели
Сподели

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1:0 во победи во финалната серија од плејофот, откако синоќа на домашен терен го совладаа Маџари со 84:77.

Дебитантот во најсилната македонска кошаркарска лига одигра добро во првото полувреме во кое најчесто го имаше водството. Маџари имаше највисоки, плус девет (33:24), по што аеродромци направија серија од (17:3) со која целосно го свртеа резултатот (45:40) на полувремето.

Во текот на третата четвртина, гостите се вратија на негатива од само два поени, (54:56). Но до истекот на тој дел од финалето, МЗТ одново „побегна“, сега на (69:61).

По тројката на МекКејден, на почетокот на последниот дел, аеродромци дојдоа и до двоцифрена предност (72:51) која умешно ја задржаа до крајот.

Маслинко со 17 поени и три скока беше најпрецизен кај „металците“. Танасковиќ дополни со 15 поени и седум скока додека МекКејден и Дамјан Стојановски постигнаа 14, односно 12 поени.

Во гостинската екипа најдобар беше Луис, кој заврши со 27 поени (плус осум скока и три асистенции), додека Армстронг го следеше со 19 поени на кои додаде по осум скока и исто толку успешни додавања.

Вториот финален дуел од серијата се игра во среда (од 18 часот), повторно во СЦ „Јане Сандански“, а шампион ќе биде онаа екипа која прва ќе реализира три победи. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бебе Реџа и косовски политичари го поддржаа денешниот протест на студентите Албанци
Следна Статија Kливленд во полуфиналето на плејофот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 38. Охридски пливачки маратон

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка на Охридскиот пливачки маратон, им ги додели наградите на победниците врз основа на…

August 31, 2025
СПОРТ

Индијана Пејсерс се пласира во големото НБА финале (ВИДЕО)

Кошаркарите на Индијана Пејсерс го совладаа Њујорк Никс во шестата средба од финалето на Источната конференција со резултат 125:108, и…

June 1, 2025
СПОРТ

Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 16 години го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Б дивизијата, откако денеска во…

August 22, 2025
СПОРТ

Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници

Врвните македонски спортисти кои досега рекламираа казина или обложувалници ставаат крај на ваквата соработка. Ова на денешната прес-конференција го откри…

October 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?