Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милевски: На Македонија ѝ фали малку за да биде на топ-ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Милевски: На Македонија ѝ фали малку за да биде на топ-ниво
СПОРТ

Милевски: На Македонија ѝ фали малку за да биде на топ-ниво

Објавено March 26, 2025 08:19
Сподели
Сподели

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, на прес-конференцијата по натпреварот со Велс им честиташе на играчите за прикажаното и изрази задоволство од освоениот бод, со оглед на сериозноста на противникот.

„Велс е исклучително сериозен тим, составен од играчи кои настапуваат во најсилните лиги. Беа агресивни, физички подготвени, но нашите фудбалери покажаа дека напредуваат со секој изминат натпревар, иако сметам дека уште малку ни фали за да се носиме со подобри репрезентации кои играат на топ-ниво. 

Нема простор за големо разочарување, Македонија покажа дека може да биде рамо до рамо со силните селекции од стариот континент. Не би рекол дека се израдувавме прерано, примениот гол беше наша грешка, но има и такви моменти. Моравме да останеме фокусирани до самиот крај, но не верувам дека грешката дојде поради некаква еуфорија. 

Мислам дека сите треба да бидеме горди, благодарност за големата поддршка од трибините, се надевам дека им возвративме на навивачите со нашата тактичка дисциплинираност и пожртвуваност. Да останеше 0-0, можеби ќе бевме позадоволни, вака останува горчината дека бевме многу близу до трите бода“, изјави Милевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба
Следна Статија (Видео) Моќен кинески авион леташе многу ниско: некои воодушевени од вештината на пилотот, други загрижени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) ПСЖ на пенали го исфрли Ливерпул од Лигата на шампионите

Лидерот во Премиер лигата, Ливерпул испадна од Лигата на шампионите. На „Енфилд“, ПСЖ го елиминира Ливерпул по избедувањето пенали со…

March 12, 2025
СПОРТ

Њујорк Метси го стекнаа Луис Роберт Јуниор во голема размена

Долгоочекуваната трговска размена на Луис Роберт Јуниор конечно се случи во MLB лигата.

January 22, 2026
СПОРТ

Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ

По завршувањето на вонредно изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), новиот претседател Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите…

December 22, 2024
СПОРТ

Сефери Македонија ја замени со Албанија, сега сонува да и даде гол на Србија

Репрезентивецот на Албанија Таулант Сефери кој играше за  македонската репрезентација а потоа се реши за западниот сосед сега има нова цел,…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?