Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шешко е нов играч на Манчестер Јунајтед: Словенецот е трет најскап екс-Ју играч
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Шешко е нов играч на Манчестер Јунајтед: Словенецот е трет најскап екс-Ју играч
СПОРТ

Шешко е нов играч на Манчестер Јунајтед: Словенецот е трет најскап екс-Ју играч

Објавено August 10, 2025 10:11
Сподели
Сподели

Словенецот Бенјамин Шешко е нов играч на Манчестер јунајтед, објави англискиот клуб.

Шешко (22) потпиша договор со Јунајтед до јуни 2030 година. Тој дојде во Манчестер за 76,5 милиони евра, плус уште 8,5 милиони преку бонуси, објавува Би-Би-Си.

„Историјата на Манчестер јунајтед е многу посебна, но она што навистина ме возбудува е иднината. Кога разговаравме за проектот, беше јасно дека сè е подготвено овој тим да продолжи да расте и наскоро повторно да се натпреварува за најголемите трофеи. Од моментот кога пристигнав, можев да ја почувствувам позитивната енергија и семејната атмосфера. Очигледно е совршеното место за мене да го достигнам моето максимално ниво и да ги исполнам сите мои амбиции“, изјави Шешко за веб-страницата на клубот.

Словенечкиот фудбалер постигна 21 гол и шест асистенции на 45 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона во Лајпциг. Шешко е најмладиот дебитант на словенечката репрезентација, за која одигра 41 натпревар и постигна 16 гола.

На овој начин, Шешко стана третиот најскап играч од територијата на поранешна Југославија, со оглед на тоа што беше платен 76,5 милиони евра.

Скалата високо ја крена Хрватот Јошко Гвардиол, на кого Сити плати 90 милиони евра, а втор на листата е Србинот Душан Влаховиќ, за кого Јувентус издвои 83,5 милиони евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прво 20 евра, потоа влез: Што нè чека на границите?
Следна Статија Големо медицинско откритие: Научниците развија тест што може да открие мултиплекс склероза пред дијагнозата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Цената достигнува и до 100 евра: Поскапени билетите за македонските навивачи во „Вараждин арена“

Светската ракометна федерација во соработка со домаќинот Хрватска ги објави цените за втората фаза од Светското првенство, а најскапи се…

January 21, 2025
СПОРТ

Новак Ѓоковиќ повторно погоден во глава

Откако минатата година доживеа повреда и мал потрес на мозокот на турнирот во Рим откако на главата му падна шише…

March 23, 2025
СПОРТ

Бронзен медал за Трајковски на Балканското првенство во Белград

На Балканското првенство во атлетика во сала кое се одржа во Белград, македонскиот репрезентативец Андреас Трајковски во скок во далечина…

February 16, 2025
СПОРТ

Ленард посилен од трипл-даблот на Јокиќ, Клиперс до победата над Денвер

Лос Анџелес клиперс рано утрово славеше победа со 105:102 над Денвер нагетс на гостински терен во вториот натпревар од осминафиналето…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?