Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милошоски за новиот грб: Македонија не треба да биде во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Милошоски за новиот грб: Македонија не треба да биде во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола
МАКЕДОНИЈА

Милошоски за новиот грб: Македонија не треба да биде во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола

Објавено February 17, 2025 16:33
Сподели
Сподели

Македонија треба да има современ државен грб и со неговата симболика да биде дел од европското друштво на држави, а не во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола, смета Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието.

-Ако зборуваме за современи државни обележја, засновани на одредена објективна хералдика, тогаш навистина Македонија не сметам дека би требало да остане во друштво со Белорусија, со Таџикистан и со Ангола. Ова се меѓу ретките земји во светот коишто се уште имаат советска симболика по однос на државните грбови. Сметам дека Македонија има и добро историско наследство, кое може да ги поврзе и АСНОМ, и Илинденскиот период, и претходните периоди на нашата заедничка држава, и тоа да се отслика во еден современ државен грб којшто би бил подобар и би ги одразувал на еден поквалитетен начин определбите на Македонија, и во таа симболика да биде дел од европското друштво на држави, изјави Милошоски. 

Негираше дека е дефоксуирање од економската криза или е поврзано со претстојните Локални избори отворањето на темата за промена на државниот грб во овој момент, 11 години од претходната иницијатива, посочувајќи дека дискусијата не е временски ограничена.

-Не би го поврзувал со Локалните избори, а во однос на економија се работи на соочување со тие предизвици и привлекување повеќе инвестиции. Но, иницијативата треба да отвори дијалог преку кој би стигнале до консензус во одреден период, без ограничувања дали ќе се случи за три, шест или девет месеци од сега. Добро е да се разговара за оваа тема и таа да биде поткрепена со објективни аргументи, додаде Милошоски, одговарајќи на новинарски прашања пред презентацијата на наоди од анкета за перцепцијата на јавноста за евроинтеграцијата на државава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На пратениците од власта не им се допадна како Апасиев ја организира надзорната расправа за Ефектите од аерозагадувањето
Следна Статија „Демократијата“ стигна и во Бразил: “Шарена револуција“ по српско сценарио

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи

Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи, каде што има отсуство на реални идеи кои  решаваат реални проблеми за реалните…

November 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мито од 50.000 евра за ИПАРД фондови: ОЈО поднесе обвинение против бизнисмен и функционери од Агенцијата за плаќања

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно…

February 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во вториот круг од изборите право на глас имаат 1 013 375 граѓани, за гласање пријавени 4 826 болни

Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

На покана од Орбан: Мицкоски со синовите замина во Будимпешта за да го гледаат Роналдо

Премиерот Христијан Мицкоски со двајцата синови замина во Будимпешта, за денеска да го гледаат фудбалскиот меч Унгарија-Португалија за квалификации за…

September 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?