Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се градат когеративни централи, за да се намали аерозагадувањето, најави премиерот Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се градат когеративни централи, за да се намали аерозагадувањето, најави премиерот Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Ќе се градат когеративни централи, за да се намали аерозагадувањето, најави премиерот Мицкоски

Објавено November 12, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Владата веќе работи да се изградат когеративни централи за затоплување на неколку локации, со цел да се намали аерозагадувањето во Скопје, но и во другите градови во земјава, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање во врска со обвинувањата од опозицијата дека Владата ништо не презема за справување со аерозагадувањето.

Премиерот Мицкоски истакна дека оваа порака шокира од страна на опозицијата, бидејќи како што рече „седум години буквално камен на камен не ставија, ако се зафатеја да работат нешто можеби до ова и немаше да дојде, односно можеби ќе беше поинаку“. Забележа дека на намалувањето на аерозагадувањето работат интензивно, а најголемиот фактор за загадувањето е токму затоплувањето на домовите со дрва, масло, стари плакари и друго, а токму ова е 60% од причините за загадувањето на воздухот. Посочи дека како Влада се во потрага по партнери за изградбата на корегативни централи.

Ние сме сега во потрага по партнери, коишто на основа на пазарни услови, а не на привилигирани, како што имаше стратешки инвестиции во минатото, заеднички со Владата ќе вложат во систем за затоплување на нашите домови, а кој што ќе биде резултат на согорување на природен гас, односно корегативни централи, кои ќе произведуваат и електрична енергија и гас. Имаме во план неколку да направиме и на тој начин цениме дека барем за 60 проценти ќе биде намалено загадувањето и почнуваме тоа да го развиваме – изјави Мицкоски.

Посочи дека со овие инвестиции ефектите ќе се почувствуваат за три до четири години.

Но, ова е единствениот начин како веднаш да реагираме и да направиме нешто со коешто ќе успееме да го подобриме квалитетот на воздухот. Нема друг начин, магија не постои, чудо не постои, денес ако почнеме тоа да го работиме и развиваме, а веќе го развиваме резулатите за три до четири години ќе ги очекуваме. За жал минатите седум години ништо не направија – изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Teлохранителот на Милошевиќ тврди: Атентатот врз Глигоров беше поради тоа што сакаше Македонија да се врати во Југославија
Следна Статија Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при он лајн-купувањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вечерна богослужба и Литија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје

Во пресрет на утрешниот празник Рождество на Пресвета Богородица, денеска со почеток во 17:00 часот, ќе биде отслужена Празнична вечерна…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски дециден на средбата со бугарската колешка: За македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не се разговара

На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,…

May 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Гаши повикува на чесна и демократска кампања: Без инциденти, заплашувања и омаловажувања

Претседателот на Собранието Африм Гаши, во пресрет на локалните избори упати јасен повик до сите политички субјекти, кандидати, институции, медиуми…

September 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

По повод Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз денеска ќе сообраќа по неделен возен ред, соопштуваат од ЈСП Скопје. Жичницата…

May 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?