Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при он лајн-купувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при он лајн-купувањето
ЕКОНОМИЈА

Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при он лајн-купувањето

Објавено November 12, 2024 12:14
Сподели
Сподели

Граѓаните да бидат многу внимателни, да проверуваат по неколку пати на е-платформите дали е вистински производот што се продава и да се консултираат со луѓе на кои им веруваат, лекари, фармацевти,…, за да бидат сигури дека тоа што го купуваат е сигурно за употреба, апелира денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со честите измами на интернет, Андоновски напомена дека е многу важно во вакви случаи граѓаните веднаш да пријават за институциите брзо да интервенираат.

Интернет измамите, како што рече министерот, се феномен со кој се соочуваат сите држави, а со оглед дека станува збор за независnи платформи како фејсбук, инстаграм и тик-ток врз кои земјите немаат регулаторна контрола, мора да се најдат хибридни или „странични“ начини за справување.

-Многу е значајно луѓето кои се злоупотребени да пријавуваат, но и лицата, модерно наречени инфлуенсери, доктори , јавни личности,…, кога ќе забележат дека нивниот идентитет е украден или злоупотребен, тоа да го пријавуваат за да можеме веднаш да реагираме. Постои сега и нов феномен на инстаграм со формирање лажни профили на јавни личности. Тоа е нешто со кое сите се соочуваме, но брзото реагирање кон државните институции и кон платформите, овозможува тие профили да се симнат многу брзо. Интернет измамите се феномен со кој се соочуваат и граѓаните во Македонија, но и во целата Европската унија. Остануваме отворени за граѓаните да пријавуваат кога ова ќе се случи, но многу повеќе треба да работиме на градење вештина за препознавање и во таа насока е и центарот за побезбеден интернет на кој работиме и кој ќе биде ресурс за граѓаните, особено за помладите, да можат да препознаваат ваков тип измами на интернет, истакна Андоновски пред почетокот на регионална конференција за е-трговија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се градат когеративни централи, за да се намали аерозагадувањето, најави премиерот Мицкоски
Следна Статија (ВИДЕО) Петрушевски: Клиниките во време на СДС и ДУИ набавувале лекови вредни милиони без тендер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цената на нафтата вртоглаво расте

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат со вртоглавиот раст, а минатата недела на лондонскиот пазар беше забележан скок од…

March 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната

Поради најавата на транспортните превозници за блокада денеска во нашата држава ќе се затворат за товарен сообраќај граничните премини: Деве…

January 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски открива: Првата транша од британскиот договор е 2,2 милијарди евра, ќе се гради брза железница на Коридорот 10

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното интервју на ТВ Сител обелодени ексклузивни детали за договорите со Велика…

May 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: За максимум четири години ќе бидат завршени сите делници што ги гради „Бехтел и Енка “

Откочени се одредени процеси со „Бехтел и Енка“ и во наредните максимум четири години ќе бидат завршени автопатите од коридорите…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?