Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерката Божиновска најавува ред во изградбата на нови енергетски капацитети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Министерката Божиновска најавува ред во изградбата на нови енергетски капацитети
ЕКОНОМИЈА

Министерката Божиновска најавува ред во изградбата на нови енергетски капацитети

Објавено September 10, 2025 15:29
Сподели
Сподели

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започнува практичната примена на Законот за енергетика и воведување на транспарентен, јасен и предвидлив процес на планирање на развојот на енергетскиот систем. За прв пат ќе биде изготвен Годишен план за развој на енергетскиот систем, кој ќе ги дефинира насоките за изградба на нови објекти и зајакнување на енергетските мрежи, како и насоките за развој на нови енергетски објекти во кои државата ќе се јави како инвеститор со цел стабилизација на системот и зголемување на безбедноста во снабдувањето со електрична енергија.

На интернет-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се објавени сите потребни документи за доставување иницијативи за развој на енергетски проекти, со што започнува практичната примена на Законот за енергетика и се воспоставува транспарентен, јасен и предвидлив процес за планирање на развојот на енергетскиот систем.

Овој процес е од особена важност за државата затоа што обезбедува конкретна слика за приоритетите во развојот на енергетските капацитети и овозможува стратешко насочување на инвестициите, со цел стабилно снабдување со електрична енергија и правна сигурност за инвеститорите.

„Со овој транспарентен процес, секој потенцијален инвеститор ќе има јасна слика за потребите и приоритетите на нашата држава. Секоја иницијатива ќе биде детално технички обработена, со јасно дефинирани можности за приклучок и потребните зајакнувања на мрежата. Нашата цел е енергетскиот систем да се развива одржливо и да обезбедува стабилно снабдување за сите граѓани“, вели министерката Сања Божиновска.

На интернет-страницата на Министерството е објавено детално објаснување што се е потребно за поднесување на инцијатива.

На сајтот на министерството се достапни и сите технички и административни документи, поделени според видот на капацитетите, а со цел олеснување на процесот за потенцијалните инвеститори, обезбедување навремена подготовка за апликација и можност сите заинтересирани да ги планираат своите инвестиции врз основа на јасна слика за приоритетите на државата.

Што значи ова за инвеститорите?
• Проектите уште во рана фаза ќе бидат детално технички обработени,
• ќе се дефинираат потребните интервенции во дистрибутивната и преносната мрежа,
• за секоја иницијатива ќе се изготват варијанти за приклучок, јасно и транспарентно ќе се презентираат потребните зајакнувања и надградби на соодветните енергетски системи како и роковите за реализација,
• ќе се елиминираат несигурностите околу приклучувањето на проектите кон мрежата,
• ќе се обезбеди правна сигурност за инвеститорите и предуслови за финансиска поддршка од институциите.

Секој инвеститор – приватна компанија, физичко лице, општина или јавно претпријатие – има можност да достави иницијатива. Секоја иницијатива ќе биде анализирана според:
• видот на технологија за производство на електрична енергија,
• техничките и технолошките карактеристики на опремата,
• инсталираната моќност и балансниот капацитет,
• регионот на реализација, како и можностите за приклучок кон енергетските системи.

Рок за доставување на иницијативи за 2026 година е 30 септември 2025.
По завршување на рокот ќе биде изготвен Годишен план за развој на енергетскиот систем, се вели во соопштението на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Ново Нордиск“, производител на Оземпик, отпушта 9.000 луѓе
Следна Статија Мицкоски: Ние не го создадовме „Вардариште“, но ќе го решиме и „Дрисла“ ќе стане модерна европска депонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Исцицал“ ли навистина Лајонес-Мајворлд од Македонија 150 милиони евра?

Група од педесетина граѓани на Македонија, кои биле дел од Лајонес-Мајворлд шемата во земјава, проценуваат дека со овој пирамидален финансиски…

September 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се бараат 300 невработени да се грижат за стари, но и асистенти за деца за плата од 28.000 денари

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско…

July 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Стари, недоволени по број и неисправни. Состојбата со автобусите на ЈСП е аларматно загрижувачка, покажува истражувањето на Центарот за граѓански…

February 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски до Нова година очекува потпишување договор за гасниот интерконектор со Грција

Премиерот смета дека до крајот на годината ќе биде завршена и првата секција од пругата Куманово – Бељаковце од Корисоеорт…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?