Министерка за правда на Косово, Албулена Хаџиу побарала префрлање на нејзиниот зет осуден во случајот Диво Насеље од затвор во Македонија во затвор во Косово. Таа поднела официјално барање за префрлање на нејзиниот зет и уште четворица осудени во случајот „Диво насеље“.
Министерката за правда побарала од својот македонски колега да ги префрли петте осудени лица во косовските затвори, со кои таа управува, според писмото до кое дојде „Папараци“. Сепак, барањето не било одобрено.
Инаку, Мухамет Красниќи, зет на Хаџиу, отслужува доживотна казна затвор во Македонија.
Министерствата за правда на Косово и Македонија одбиле да коментираат за содржината на писмото.