Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби
МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

Објавено August 9, 2025 12:58
Сподели
Сподели

Министерството за здравство од денеска ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора, соопшти министерот за здравство Азир Алиу.

Тој на денешната прес-конференција информираше дека одземањето на надлежностите, односно на јавното овластување на Стоматолошката комора се се додека не се воспостави систем преку кој Комората ќе работи законито, транспарентно и професионални.

-Овој чекор не е казна. Ова е почеток на реформата, реформа што ќе врати довербата, ќе обезбеди интегритет и ќе гарантира дека секој стоматолог ја продолжува лиценцата со знаење и со вештини усогласени со најновите светски стандарди, појасни Алиу.

Според него, надзорот на документите на Стоматолошката комора покажале сериозни пропусти, односно едукации преку нерегистрирани здруженија и сертификати кои неправилно се користеле за продолжување на лиценците.

-Надзорите и документите покажаа сериозни пропусти како договори склучени ретроактивно спротивно на закон, одлуки и документи без потпис и со невалидна документација. Дополнително, игнорирање на привремената мерка и конечноста на одлука на Уставниот суд повеќе од една година, иако судот утврдил дека условите за стручно усовршување биле спротивни на законот, истакна Алиу.

Информираше дека има и сомнеж за финансиска злоупотреба.

– Имаме сериозни сомнежи за финансиски злоупотреби на Комората за кои финансиската полиција истражува, има прибавено обемна документација за која веруваме дека за брзо време ќе има епилог, нагласи Алиу.

Порача дека ова е директен удар врз една од петте столбови на неговата визија за здравството. И додаде дека Комората мора да има кредибилен законски и транспарентен систем за лиценцирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра
Следна Статија Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел

Премиерот Христијан Мицкски денеска се обрати пред членовите на постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО каде истакна дека ова…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зибери: Условите во затворот „Идризово“ се алармантни

Поради пренатрупаност во затворот „Идризово“, додека еден спие, другиот треба да седи буден и да чека ред бидејќи креветот го…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Поплавите се повлекуваат, 250 лица и натаму згрижени во Кичево

По обилните врнежи од дожд и снег што во изминатите денови предизвикаа излевања и евакуации во повеќе региони, состојбата постепено…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема одлука за избор на фирма која ќе гради катна гаража и ќе управува со паркингот во клинички центар

Владата нема донесено таква одлука и не знам од каде е таа информација, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор…

March 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?