Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Миноски: Дали ни е потребна контрола на маржите во изградбата на станови?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Миноски: Дали ни е потребна контрола на маржите во изградбата на станови?
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Дали ни е потребна контрола на маржите во изградбата на станови?

Објавено February 24, 2025 09:35
Сподели
Сподели

Во 2020 година, просечната цена на еден квадратен метар станбена површина во Општина Центар, Скопје, изнесувала околу 970 евра. До јануари 2025 година, таа достигна над 1.800 евра, што претставува раст од 85% пишува поранешниот министер за финансии Кирил Миноски.

Но, дали цената на градежните материјали и трошоците за работна сила пораснале во иста мера? Не. Иако има зголемување на цените на железото, цементот, циглите и работната рака, нивниот пораст не ја оправдува оваа драматична експлозија на цените на становите. Ова укажува дека дополнителни фактори – зголемената побарувачка, ограничената понуда и зголемените маржи на инвеститорите – имаат значајно влијание врз растот на цените.

Во услови кога државата размислува за контрола на маржите на основните намирници заради заштита на стандардот, се поставува прашањето – зошто истото да не се примени и во градежниот сектор? За разлика од пазарот на храна, каде долгорочното решение е зголемување на домашното производство, во градежништвото државната интервенција на страната на понудата (социјални станови, олеснување на регулативата за нови проекти) е сложен и долг процес. Затоа, неопходно е веднаш да се разгледа можноста за регулирање на маржите во градежниот сектор за да се спречи неконтролиран раст на цените.

Растот на цените на недвижностите без контрола води до финансиска нестабилност, намалена достапност на домување и потенцијално иселување на населението во потрага по подобри услови за живот. Покрај тоа, високите цени на недвижностите и рентите поттикнуваат рентиерско однесување наместо претприемништво – а токму претприемништвото е двигател на економскиот развој и напредокот, смета Миноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија КОЈ Е ФРИДРИХ МЕРЦ, ИДНИОТ КАНЦЕЛАР НА ГЕРМАНИЈА? Човек со два политички животи и пилот со една шанса да ја среди државата!
Следна Статија Канје Вест објави 18+ фотографија од Бјанка Ценсори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година

Владата постигна договор со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата за зголемување и усогласување на платите, со важност до 2028…

February 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Федералната резерва ја намали каматната стапка, но иднината е неизвесна

Централната банка на САД ја намали каматната стапка по трет пат годинава, но изгледите за идни намалувања остануваат нејасни.

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата со мерки за високите цени на храната, ограничување на маржите до крајот на април

По порастот на цените на основните прехранбени производи и граѓанските бојкоти што беа организирани во изминатите две недели, Владата донесе…

February 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина, а на…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?