Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Circle и Binance во стратешко партнерство за забрзување на глобалното усвојување на USDC и криптовалути
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Circle и Binance во стратешко партнерство за забрзување на глобалното усвојување на USDC и криптовалути
ЕКОНОМИЈА

Circle и Binance во стратешко партнерство за забрзување на глобалното усвојување на USDC и криптовалути

Објавено December 11, 2024 18:21
Сподели
Сподели

Водечките компании во крипто индустријата, Circle Internet Group Inc. и Binance, објавија ново стратешко партнерство на Финансиската недела во Абу Даби. Оваа соработка има за цел да го забрза глобалното усвојување на USDC (стабилна криптовалута на американскиот долар) и да го поддржи развојот на дигиталните средства и поширокиот финансиски екосистем. Со растот и глобалното прифаќање на USDC како еден од најсилните финансиски инструменти на интернетот, партнерството ги обединува доверливата и усогласена дигитална валута со најголемата платформа за користење на дигитални средства.
Преку ова партнерство, Binance ќе овозможи USDC да биде широко достапен преку целокупниот асортиман на нивни производи и услуги, што ќе им овозможи на повеќе од 240 милиони корисници ширум светот беспрекорно да го користат USDC за тргување, штедење и плаќања.

Дополнително, Binance ќе го прифати USDC како клучна стабилна валута за нивната корпоративна трезорска операција, што претставува моќен сигнал за премин на финансискиот свет на блокчејн технологии.

Исто така, Circle ќе обезбеди технологија, ликвидност и други алатки за корисниците на Binance, кои ќе можат да ја искористат доверливоста и иновацијата што Circle ја има изградено за USDC. Circle, заедно со Binance ќе работат и на градење на стратешки партнерства во глобалниот финансиски и комерцијален сектор, бидејќи се повеќе компании се стремат да ги користат крипто инфраструктурата и стабилните валути за различни деловни примени.

„Binance е неверојатно иновативна компанија со силен фокус на квалитет на производите, иновации и корисничко искуство, што е потврдено и од нивната масивна глобална заедница од над 240 милиони корисници,“ изјави Џереми Алер, претседател и извршен директор на Circle. „Со Binance како водечка финансиска супер-апликација, ова претставува извонредна можност за USDC да стане уште пошироко достапен на нивната платформа. Се радувам за соработката со лидерскиот тим на Binance кој ја гради најголемата компанија за дигитални средства во светот.”

„Circle е без сомнение една од најдоверливите и најиновативните компании во екосистемот на дигитални средства, а USDC е еден од најпрестижните производи во светот,“ изјави Ричард Тенг, извршен директор на Binance. „Преку нашето стратешко партнерство, нашите корисници ќе имаат уште повеќе можности за користење на USDC на нашата платформа, вклучувајќи нови трговски парови, специјални промоции и други производи на Binance. Заедно со Circle, ќе работиме на глобална иновација и зголемена употреба на стабилните валути. Веруваме дека соработката ќе ги прошири можностите за интернетскиот финансиски систем.”

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ОЈО бара притвор за девет лица во предметот „Адитив“
Следна Статија (ФОТО) Запленети накит, девизи, цигари, облека

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Работиме на 17 инвестиции и 5.000 работни места

Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во изјава за медиуми најави вкупно 17 инвестиции во вредност од околу 650…

March 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски задоволен од растот на индустриското производство: Очекувам трендот на раст на БДП да продолжи и не би се изненадил доколку дојдеме до раст од 4% до 4,5%

Во месец јануари имаме раст од 1,4% раст на индустриското производство, очекувам раст на истот во првиот квартал и не…

March 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

За еден ден заработила 9,2 милиони евра, ги продала акциите во „Македонијатурист“

Поранешната директорка на „Македонијатурист“ Соња Бибановска заработи 9,2 милиони евра за само еден ден, дознава Фактор. Бибановска, поранешна директорка и член…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска, дизелот поевтинува за четири денари

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува…

May 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?