Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Миноски: Зошто ни е неопходно подигнување на прагот за ДДВ?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Миноски: Зошто ни е неопходно подигнување на прагот за ДДВ?
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Зошто ни е неопходно подигнување на прагот за ДДВ?

Објавено February 2, 2026 19:08
Сподели
Сподели

Зошто ни е неопходно подигнување на прагот за ДДВ?, пишува Кирил Миноски, екс министер за финансии.

Во продолжение ставот на Миноски.

Претприемачите, микро и малите компании се основниот двигател на економскиот развој. Во Македонија, микро компаниите учествуваат со околу 90,4 %, а малите со околу 7,4 % во вкупниот број претпријатија. Тоа значи дека над 97 % од сите фирми се микро и мали бизниси .
Кога зборуваме за даночната рамка, во Македонија обврската за регистрација за ДДВ започнува кога бизнисот ќе оствари повеќе од 2.000.000 денари годишен промет (околу €32.000). За споредба:

• Во Србија, прагот е околу €65.000.

• Во Хрватска, прагот е €60.000.

• Во Словенија, прагот е €60.000.

• Во Албанија, прагот е околу €80.000.

Ова значи дека во најголем дел од соседните земји и земјите членки на ЕУ прагот е двојно повисок, што им овозможува на микро и малите претпријатија поголем простор да растат без дополнителни административни и даночни обврски.

Една од клучните точки за градење конкурентно деловно опкружување е пристапот до финансии. Во услови кога нема систематизирана поддршка за стартапи и мали бизниси, подигнувањето на прагот за ДДВ ќе значи:

• намален притисок за користење краткорочни кредити за финансирање на тековното работење;

• повеќе простор за раст, формализација и акумулација на капитал и поголема ликвидност пред влез во сложен даночен режим (ДДВ се плаќа и кога фактурата не е наплатена)

• можност ослободените средства да се инвестираат во развој, иновативни производи и повисоки плати, што директно ќе ја зајакне економијата и ќе ја зголеми вработеноста.

Дали државата ќе изгуби приходи?

Преку поттикнување на инвестициите и растот на платите, државата ќе ги наплати даноците индиректно – преку повисоки социјални придонеси, персонален данок и зголемена потрошувачка како резултат на повисокиот промет. Воедно ќе се избегне даночното затајување и вештачко делење фирми и прикривање промет, а со е-фактура лесно ќе може да се идентификуваат неправилностите со повратот. Повисок праг ќе значи повеќе доброволна усогласеност и помал притисок врз УЈП.

Проблемот е што економските политики често ги креираат луѓе кои не ги разбираат реалните предизвици на малиот бизнис. Претприемништвото е основниот двигател на економијата, а микро и малите компании заслужуваат континуирана поддршка ако сакаме подинамичен приватен сектор, подобра економија и повисок животен стандард.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрова: Нема ретроактивно оданочување, ќе им се излезе во пресрет на граѓаните од странство
Следна Статија Густа магла и видливост до 50 метри на Плетвар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Софтверски пазар на мечка: 3 акции со потенцијал за раст од 47% до 63%, според Волстрит

Многу аналитичари од Волстрит сè уште веруваат дека софтверските бизниси се стабилни

February 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ако се утврди драстично зголемување на цените ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски немал информации дека цените во маркетите се драстично зголемени по завршувањето на мерката за ограничување на маржите.…

May 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

БрејнКо технолошки стартап поднесе доверлив документ за IPO во Хонг Конг

БрејнКо поднесе доверлив документ за јавна понуда, станувајќи првата компанија од 'Ханџоу шесторката' која ќе котира на берза

January 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

„Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низа негативни последици врз граѓаните…

May 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?