Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бошков: Приватниот сектор не може да си дозволи покачување на платите за 100 евра без олеснувања за придонесите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бошков: Приватниот сектор не може да си дозволи покачување на платите за 100 евра без олеснувања за придонесите
ЕКОНОМИЈА

Бошков: Приватниот сектор не може да си дозволи покачување на платите за 100 евра без олеснувања за придонесите

Објавено January 27, 2026 11:54
Сподели
Сподели

За Бизнис-конфедерацијата е прифатливо зголемување на минималната плата во март со усогласувањето со законот, но секое друго покачување, без олеснети давачки за социјалните придонеси, ќе биде голем товар за стопанството, вели претседателот Миле Бошков.

Тој вели дека досега неколкупати разговарале со претставници на Владата и со нивните колеги од Сојузот на синдикати на Македонија, каде што го искажале нивниот став.

„Усогласувањето на минималната плата во март е прифатливо за нас, тоа е дел од законот што треба да се разбере и да се прифати, но исто така и за да можеме да покачиме повеќе, како што бараат синдикатите, во интерес и на работодавачите, и на граѓаните, и на работниците е покачувањето од 6 000 денари да биде ослободено од социјални придонеси и оптоварено само со персоналниот данок, и тоа во сите сектори“,вели Бошков.

Според него, со моменталните давачки покачувањето од 6 000 денари реално ја чини компанијата уште дополнителни 4 500 денари за придонеси, што е неостварливо за многу фирми.

„Категорично кажуваме бидејќи, без оглед на позитивните показатели за зголемување на БДП, сепак станува збор за поделена економија на големи и мали, особено малите, кои се 98 проценти од економијата, не може драстично да прават исчекор во зголемување на и така големите трошоци за работење на компаниите“,додава Бошков.

Бошков посочува на податоците од Централниот регистар кои покажуваат дека многу мал процент од македонските компании остваруваат профит и врз основа на тоа и го плаќаат данокот.

„Воопшто не станува збор за измислени фрази. Економијата во Македонија и особено да не ги споменувам малите, микро и средни фирми, навистина се соочуваат со потешкотии. Енормните профити се само замислена категорија“,вели Бошков.

Бошков смета дека македонската економија може многу добро да функционира и затоа е потребно постојано да се разговара во зависност од случувањата.

„Се случува сериозна геополитика, престројување на целата економија во светот и во Европа и ние треба отворено да разговараме на оваа тема каде ќе ги насочиме парите, каде ќе ги насочиме реформите, дали ќе користиме наше раноградинарство, дали ќе користиме наши прехранбени продукти, наша енергија и енергенти“,рече Бошков.

Тој смета дека е потребна сериозна реформа за да се спречи постојаниот увоз на „надворешна инфлација“.

Во однос на минималната плата, Бошков вели дека не би го заобиколил Економско-социјалниот совет.

„Треба да разговараат отворено, да ги објаснат состојбите, бидејќи исклучиво професионалците во одредени сектори и одредени политики ќе можат да ги кажат состојбите врз основа на искуството, врз основа на довербата и врз основа на нивното професионално знаење“,вели Бошков.

Во Бизнис-конфедерацијата на Македонија членуваат околу 8 000 компании, најголемиот дел микро и мали.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Очекувам проблемот со превозниците да се реши, од септември се разговара со ЕК
Следна Статија Мицкоски: Владата ќе се произнесе по кандидатурите за републички јавен обвинител, откако тоа ќе го направи Советот на јавни обвинители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

 Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот…

July 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во оваа земја од ЕУ најмалку работат

Италијанците работат во просек 32,8 години во текот на својот живот, што е втора најниска вредност во Европската унија по…

August 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Пруга кон Бугарија ќе има кога ќе се договориме дека заеднички ќе ја завршиме

Министерот за транспорт, Александар Николоски изјави дека е започнат дијалог со Бугарија за изградба на пругата која е дел од…

October 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

ССМ најавува протести доколку нема зголемување на минималната плата

Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести во април доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Претседателот на…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?