Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Владата ќе се произнесе по кандидатурите за републички јавен обвинител, откако тоа ќе го направи Советот на јавни обвинители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Владата ќе се произнесе по кандидатурите за републички јавен обвинител, откако тоа ќе го направи Советот на јавни обвинители
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата ќе се произнесе по кандидатурите за републички јавен обвинител, откако тоа ќе го направи Советот на јавни обвинители

Објавено January 27, 2026 14:25
Сподели
Сподели

Сега постапката е да се произнесе Јавното обвинителство, односно Советот на јавни обвинители, да почекаме тие да се произнесат, а потоа Владата ќе излезе со свој став, рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по увидот на инфраструктурни проекти во Општина Гази Баба.

Петмина кандидати се пријавени на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија, што истече ноќеска на полноќ, но за да се затвори листата, се остава простор од 2-3 дена за евентуални пријави што навреме се пратени по пошта, а сè уште не се пристигнати.

На местото на Љупчо Коцевски, кој поднесе неотповиклива оставка во декември лани, дојде обвинителката Тополова-Исајловска како в.д. државен јавен обвинител, која беше единствен кандидат, но не може да биде на позицијата подолго од шест месеци.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Според Законот за Јавното обвинителство, добиените кандидатури се препраќаат до Владата. По пријавувањето, Владата бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниеден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас. Со 61 глас од пратениците ќе треба да биде избран новиот државен јавен обвинител.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бошков: Приватниот сектор не може да си дозволи покачување на платите за 100 евра без олеснувања за придонесите
Следна Статија Се повлекува адаптирано млеко за бебиња на „Нестле“ од 60 земји, починале две бебиња во Франција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Голем пожар над Батинци, огнот брзо се шири

Голем пожар избувна попладнево на отворен простор над скопското село Батинци. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС)…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бугарија прати авион со кој во бугарските болници ќе се превезат петмина тешко повредени

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Македонија кој во бугарските болници…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поради Задушница, в сабота нема да се одржи „Марш на ангелите“ во Кочани

Поради Задушница, оваа сабота, на 1 ноември, нема да се одржи „Марш на ангелите“, соопшти на Фејсбук Здружението на граѓани…

October 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски иницира изготвување стратегија на државата до 2050-тата, за да не исчезне Македонија

Oд кога почнав да се занимавам со политика тврдам – на македонското прашање му е потребна енергија и на Македонија…

October 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?